Дипломатски прием во Македонскиот КИЦ во Софија


Дипломатскиот прием што беше организиран во Македонскиот КИЦ во Софија претставуваше уште една значајна потврда за местото и улогата што оваа институција денес ги има во културниот и дипломатскиот живот. Во присуство на претставници на дипломатскиот кор, институциите, академската заедница, културните работници и бројни пријатели на Македонија, Центарот уште еднаш покажа дека претставува важен простор за афирмација на македонската култура, јазик, традиција и современо творештво, се вели во соопштението од Центарот .

Македонскиот КИЦ во Софија реализира повеќе од деведесет настани годишно – концерти, изложби, книжевни промоции, научни трибини, филмски проекции, средби со уметници и интелектуалци, како и значајни дипломатски и културни собири.

Во остварувањето на оваа мисија, значајна е и континуираната поддршка од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.

Под раководство на проф. д-р Зоран Пејковски, Македонскиот културно-информативен центар во Софија продолжува да се развива како институција со јасна визија, богата програма и силна мисија. Неговата работа покажува дека културната дипломатија не се гради само преку официјални контакти, туку преку создавање вредности, преку почит кон културата и преку постојано присуство на Македонија во меѓународниот културен простор.