Гоце Тодоровски ќе биде погребан денеска
Македонскиот актер Гоце Тодоровски ќе биде погребан денеска на градските гробишта во Бутел, Скопје. Последното збогум ќе биде во капелата во 13, а погребот во 14 часот.
Тодоровски почина на 75-годишна возраст и важеше за еден од најсаканите и најпопуларни македонски актери на сите времиња.