Професор од Кичево делел сведителства иако бил во задолжителна самоизолација


Одделението за внатрешни работи од Кичево поднесе до надлежното Јавно обвинителство кривична пријава против 46-годишниот Д.П. од кичевското село Осој поради основано  сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, осомничениот како класен раководител во основно училиште во Кичево им ги […]

Суспендиран советникот на Чулев поради инцидентите на изборниот ден


Против Зоран Ѓорѓески, вработен во МВР, на позиција советник на техничкиот министер Наќе Чулев, е поднесена кривична пријава по инцидентот што се случи на изборниот ден, кога го нападнал началникот на Единицата за безбедност на сообраќај во Тетово. Во врска со несоодветно и насилничко однесување на припадникот на МВР, Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги […]

Продолжува судењето за „Меѓународен сојуз“


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ во кој се обвинети Бојан Јовановски-Боки 13, Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“. На денешното рочиште одбраната треба да продолжи со давање воведни зборови. Судскиот процес го води […]

Го удрил со автомобил, па и го натепал


Маж од Скопје пријавил дека возач го удрил со автомобил на крстосница, а потоа излегол од возилото и го натепал. Во вторникот, во 10.40 часот во СВР Скопје, Б.П.(68) од Скопје пријавил дека во 10 часот на крстосница од ул.„11 Октомври“ и ул.„Филип Втори Македонски“ бил удрен од возило, управувано од Д.С.(56) од Скопје, кој […]

Автомобил се запали во центарот на Скопје


Возило се запали на булеварот „ВМРО“ спроти „Македонска пошта“. Засега нема информации како се запалило возилото и дали има повредени лица. Командантот на Теиторијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски за МИА изјави дека пожарот е изгаснат, а на терен биле испратени две возила и осум пожарникари. Пожарот е пријавен во ТППЕ во 13:32 часот.

Мајка го оставила неподвижниот син без грижа и нега


Вчера во во СВР Охрид било пријавено дека 39-годишна охриѓанка во својот дом на улицата „Питу Гули“, без никаква грижа, храна и надзор, го оставила својот 11-годишен син кој бил неподвижен. – Центарот за социјални грижи и Црвениот Крст од Охрид преземаат мерки за пронаоѓање на згрижувачко семејство а на лицето му е дадена соодветна […]

Малолетно девојче силувано од пет малолетници во Скопје


Мајката на 13-годишно девојче, пријавила дека врз нејзината ќерка е извршена обљуба од пет малолетници, со кои таа контактирала преку социјалните мрежи. На 20.07.2020 во 14 часот во СВР Скопје, 41 – годишна жена од Скопје пријавила обљуба врз нејзината 13 – годишна ќерка. Според пријавеното, кон крајот на 2019 малолетничката најпрво контактирала преку социјалните […]

Украдени кучињата на Ленче Ристовска


Ленче Ристовска, поранешната специјална јавна обвинителка, на својот профил на Фејсбук објави дека од семејната куќа во тетовското село Лешок им се украдени две кучиња кои се слепи и болни, но семејството апелира да им ги вратат. Ристовска напоменува дека нема да покрене постапки против лицата кои ги украле, само сака да им ги вратат […]

Во Валона запален луксузен автомобил на македонски државјанин


Во раните утрински часови на паркинг пред хотел кај албанскиот приморски град Валона запален е луксузен автомобил, сопственост на македонски државјанин. – Автомобилот „ауди“ е во сопственост на Албанец од Кичево, кој живеел и работел во Германија. Тој пред четири дена прстигнал на одмор во Валона, наведуваат албанските медуми. Полицијата информираше дека автомобилот „Ауди-А8“, производство […]

Загина 35-годишник во Марена, со камион кипер закачил далекувод за струја


Загина 35-годишник во кавадаречкото село Марена, со камион кипер, додека работел, закачил 110 киловолтен далекувод за струја. Несреќниот случај за МИА  го потврдија од МВР. Доктор Ратко Грков од Итна медицинска помош Кавадарци потврди за МИА дека веднаш по пријавата на случајот, медицинска екипа заминала на лице место. -Пронајдовме лице без знаци на  живот. Се […]

Во сообраќајка загина 36-годишна жена од Прилеп


Жена на возраст од 36 години починала вчера, а три лица се потешко повредени во сообраќајка која се случила на магистралниот пат Битола-Прилеп. Како што соопштуваат од МВР: „На 20.07.2020 во 15.30 часот на магистрален пат Битола-Прилеп, кај с.Тополчани, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „фиат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Б.(60) од […]

Пазарниот инспекторат го затвори ноќниот клуб од Струмица заради непочитување на прописите


Ноќниот клуб „Аватар“ од Струмица утринава е затворен од страна на Државниот пазарен инспекторат, информира за МИА директорот на Инспекторатот Стојко Пауновски. Инспекторите во петокот навечер извршија контрола на клубот и подготвија записник, а за вчера најавија и кривична пријава до јавното обвинителство заради непочитување на здравствени прописи за време на епидемијата на Ковид-19. – […]

ОЈО отвори предмет по допрен глас за организирана забава во угостителски објект во Прилеп


Основното јавно обвинителство Прилеп оформи предмет по допрен глас против угостителски објект во Прилеп, кој во вечерните часови на 18 јули годинава организирал забава на која биле присутни поголем број посетители, спротивно на законските прописи и мерки за заштита во услови на прогласена пандемија од Ковид-19. – Постапувајќи по оформениот предмет, надлежното обвинителство издаде наредби за […]

Во Кавадарци пронајдено дете кое исчезнало на 26 мај


Во Кавадарци викендов било пронајдено 14 годишно дете кое од Јавна установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение се оддалечило на 26 мај. -Во саботата околу 23.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци, на ул.„7-ми Септември“ во Кавадарци го пронашле четиринаесетгодишното дете од овој град, инаку штитеник на Јавната […]

Во водите на вештачкото езеро Подлес се удави 51-годишен жител на Градско


Во водите на вештачкото езеро вчера доцна попладне, околу 18 часот, се удавил 51-годишниот Т.М жител на Градско. Тој со семејството бил на излет покрај езерото, влегол да се излади, но се удавил, а по некое време неговото тело било на површината на водата, потврдија од СВР Велес. Како што информира за МИА, д-р Страхил […]

Казнети „диви тркачи“ во Скопје, одземени мотоцикли


Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 19/20.07.2020 во периодот од 18 до 2 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат „диви трки“ на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 12 возачи […]

Ноќниот живот во Струмица продолжува без маски и дистанца, на потег ЈО


Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски за МИА изјави дека  по петочната контрола на Клубот „Аватар“ во Струмица утре ќе биде поднесена кривична пријава до јавното обвинителство заради непочитување на здравствени прописи за време на епидемијата на ковид-19. -Инспекторите беа таму во петокот навечер, подготвен е записник и ќе биде поднесена кривична пријава заради […]

Пожар во објект на лозје во Неготино, има и жртва


Пожарот, кој денеска избувнал во објект на лозје во Неготино, однесе една жртва. Информацијата за пожарот за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Тој рече дека во моментов се врши увид на самото место. Таму се пожарникари, полициска увидна екипа и јавен обвинител. Не можел да даде повеќе детали. Од Обвинителство потврдија за МИА дека има една жртва.

Приведен полицаец, стрелал во воздух од службениот пиштол


Ноќеска, 1,10 часот по полноќ, во Полициска станица Крива Паланка било пријавено дека во близина на угостителски објект на ул.,,Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, Т.Т., полициски службеник, испукал пет куршуми во воздух од службен пиштол, по што го напуштил местото на настанот. Како што соопшти МВР, подоцна од полициски службеници Т.Т. бил лишен од слобода, […]

МВР синоќа ловел мотрџии што учествуваат во диви трки


Во акциска контрола спроведена синоќа  од 19 до 1 часот за откривање возачи на мотори кои организираат диви трки во Скоје, полицијата санкционираше седум возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци. Како што соопшти МВР, акцијата е спроведена од Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за […]