Рибар се удави во Вардар кај Миравци


Рибар од гевгелиското село Миравци се удавил вчера во водите на Вардар, соопшти МВР.

В.Ѓ.(56) паднал и потонал во Вардар додека со В.М. (19) исто така од Миравци, поставувале рибарски мрежи кај местото викано „Три тополи“.

Телото на рибарот било понајдено и извлечено од реката синоќа во 19:15 часот. Од страна на лекар од Итната медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.