Автомобилот што изгоре во Ново Лисиче се самозапалило


Самозапалување била причината за опожарената „сеат алтеа“ на паркингот на булевар „Асном“ во населбата Ново Лисиче која изгоре целосно и од чиј оган делумно беа зафатени други две возила, соопшти МВР.

Случајот беше пријавен викендов, на 9 август.

Според увидот, извршените разговори и прегледот на записите од безбедносна камера е утврдено дека околу 09:20 часот внатрешноста на возилото „сеат алтеа“ се самозапалило при што огнот почнал да се шири. По кусо време, сопственикот на „алетата“ М.Ј. (35) од Скопје се обидел да го изгасне пожарот, но при отворање на една од вратите, пламенот се проширил многу брзо, ја зафатил внатрешноста на возилото и другите две возила, „фиат пунто“, сопственост на И.Н (41) и „мерцедес Е 270“, сопственост на К.С (73), двајцата од Скопје.

По насоки на јавен обвинител настанот е расчистен и квалфикуван како „пожар“.