Загина 16-годишно дете на мотор

 

Ноќеска, 15 минути пред полноќ во тешка сообрајќајна незгода во која се судриле мотори управувани од тинејџери, загина 16-годишник од Јурумлери.

Според полицискиот билтен, во 23.45 часот било пријавено дека во село Кадино, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „пиаџо“, без регистарски ознаки, управуван од Ф.А.(18) од Скопје, на кој се превезувала 17-годишна сопатничка од Скопје и мотоцикл „малагути“, без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од село Јурумлери, скопско, на кој како сопатник се превезувал 15-годишник од Скопје.

На местото на незгодата лекар на Итна медицинска помош кај 16-годишниот мотоциклист е констатирана смрт, додека останатите се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде биле пренесни за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.