Повеќе тепачки низ републиката, нападнат и полицаец


 

Во изминатото деноноќие полицијата регистрирала повеќе тепачки во Скопје, Струга и Тетово, во кои има повредени.

Имено, во средата во 20.20 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Миладин Поповиќ“, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу З.З.(33), Е.З.(55) и З.З.(58), од една страна, и А.Н.(46) и Б.Н.(44), од друга страна, сите од Скопје.

Истиот ден, во 1.10 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Саса“, Ј.И.(21), Д.Ј.(19) и Н.Р.(22), сите од Скопје, биле физички нападнати од три непознати лица. Се работи на расчистување на случајот.

Во 16.45 часот А.А.(32) од Скопје пријавил дека околу 3 часот, пред угостителски објект на бул.„Јане Сандански“, бил физички нападнат од А.М. и Б.Н. Се работи на расчистување на случајот.

Ноќеска, околу полноќ во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Тетово настанала физичка пресметка помеѓу Н.Л.(28) и А.Б.(29), двајцата од с.Желино, од една страна, и Ј.Ф.(41) и М.Ф.(19), двајцата од с.Пирок, од друга страна. Притоа биле употребени остри и тврди предмети. А.Б., М.Ф. и Ј.Ф. биле лишени од слобода и задржани во Полициска станица Тетово, а по документирање на случајот ќе биде поднесен и соодветен поднесок.

Вчера, околу 14 часот на ул.„ЈНА“ во Струга, И.Ф.(27) од с.Велешта, струшко, се однесувал агресивно кон полициски службеник кој вршел службени дејствија, а малку подоцна и телефонски упатил закани кон него. И.Ф. бил повикан во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.

Во 20.15 часот Л.С.(27) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“, пред угостителски објект, бил физички нападнат од три непознати лица. Се работи на расчистување на случајот.