Баба удрена со запрежна кола, момче со автомобил, возачите избегале


Во две одделни сообраќајни незгоди со тешки повреди се здобиле баба на 80-годишна возраст и момче на 24-годишна возраст, додека возачите на возилата избегале по несреќата.

Во петокот, во 11.15 часот било пријавено дека во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ со повреди здобиени од сообраќајна незгода била донесена А.Ц.(80) од Скопје. Истиот ден околу 10:45 часот на крстосницата од ул.„Кемал Сејфула“, ул.„Вуковарска“ и ул.„Емин Дураку“, жената била удрена од запрежна кола, управувана од засега непознато лице кое по незгодата го напуштило местото на настанот. На повредената и биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На полноќ пак, било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди здобиени од сообраќајна незгода бил донесен Б.П.(24) од Скопје. Во петокот, околу 22.15 часот Б.П. додека со велосипед движел во населбата Илинден бил удрен од непознато патничко моторно возило управуван од засега непознат возач, кој по незгодата го напуштил местото на настанот. На повредениот му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.