Во тетовска Шипковица при ископ пронајдени две вреќи со гранати


Во Полициското одделение Попова Шапка вчера околу 11 часот било пријавено дека при изведување градежни работи во тетовското село Шипковица, во центарот на селото на место викано „Порој“, при ископ со работна машина биле пронајдени две вреќи со гранати. По овластување на Јавен обвинител увид, информираа денеска од МВР, на местото извршила екипа од СВР […]

Се запали магацински простор на „Комуна“ во Скопје – црн чад над главниот град


Утрово скопјани се разбудија со црн чад над главниот град, откако околу 4.55 часот била добиена пријава за настанат пожар кај старата фабрика „Комуна“. Од скопската пожарна истакнаа дека станува збор за магацински простор во кој била запалена поголема количина на пластичен отпаден материјал. Според командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески, интервенирано […]

Тешка сообраќајка во Влае, две повредени лица пренесени во болница


Во судир на два автомобила попладнево во скопската населба Влае тешко се повредени маж и жена, кои биле итно префрлени во болница, објави порталот Скопје1. Според информациите од очевидци, несреќата се случила во непосредна близина на „Влајко“ и мостот „Обединети нации“.

Малолетник тешко повреден откако во него удриле со „ауди“


 Малолетен пешак е тешко повреден откако во него удрило патничко моторно возило „ауди“, соопшти полицијата. Несреќата се случила вчера на улицата „3“ во скопското село Трубарево, а била пријавена попладнето околу 18.00 часот. „Аудито“ имало скопски регистарски ознаки и го управувал скопјанецот С.Ј. (28). Според МВР, малолетникот е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ каде му […]

Пресуда за ТНТ


Во Основниот кривичниот суд – Скопје денеска ќе биде изречена пресудата за случајот ТНТ, кој се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фијат Цановски. За делото се обвинети повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му […]

Истрагата за МПМ завршила, Керим се сомничи за три кривични дела, пишува „Правосудство“


  Специјализираниот портал „Правосудство“ пишува дека кривичната истрага за сопствениците на „Медиа Принт Македонија“ е завршена. Порталот дознава истрагата завршила кон крајот на минатиот месец, а некогашниот сосопственик и директор на МПМ, Срѓан Керим, се сомничи за три кривични дела. Според сознанијата на „Правосудство“ Керим од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција […]

Девет повредени во тешка сообраќајка кај Кичево


На 17.05.2022 во 18.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на  магистрален пат Кичево – Гостивар, кај с. Колари, се  случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мини купер“ со италијански регистерски ознаки, управувано од Х.Б.(26) од с.Колари, патничко моторно возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(76) од с. Зајас, кичевско […]

ОЈО: Извршен увид на македонско-грчката граница каде беше пронајден починат мигрант


 Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија изврши увид на лице место во близина на македонско-грчката граница, каде вчера беше пронајдено безживотно тело на мигрант, информираат од Основното јавно обвинителство. – Смртта на мигрантот ја пријавиле група други мигранти, според чии тврдења сега покојниот заедно со уште две лица им наплаќале по 800 евра за […]

Родители си ја продале малолетната ќерка на Белгиец


Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе под раководство на Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, реализираше случај за сторено кривично дело „трговија со дете“ извршено од страна на три лица, од кои еден државјанин на Белгија. Предметен […]

Македонка (22) загина во несреќа во Данска


Дваесет и двегодишна девојка од Македонија загина во несреќен случај на своето работно место во Данска. Според данската полиција, настраданата девојка работела како хигиеничарка во училиште, каде што се случила несреќата со машина за чистење. Данските медиуми јавуваат дека таа била пренесена во болница со тешки повреди на кои им подлегнала. „Ние сме во процес […]

Еден загинат откако возило излета од патот Кичево-Охрид


Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска околу еден час по полноќ на магистралниот пат Кичево-Охрид, кога патничко возило „Фолксваген Голф“, со охридски регистарски ознаки, излетало од коловозот. Како што сопшти МВР, возилото било управувано од А.А. (46) од село Зајас, кој починал на местото на несреќата и чија смрт ја констатирал […]

Полицијата контролирала објект за време на концерт, кај петмина пронашла дрога


Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје при контрола во објект на подрачјето на Општина Центар, во кој се одржувал музички концерт, од слобода лиши пет лица, кај кои е пронајдена дрога. Како што информира МВР, кај Б.М. (45) и А.С. (26), двајцата од Скопје и кај В.М. (27) од Косово е […]

Македонски државјанин меѓу загинатите во експлозијата во фабриката во Кочевје  


Меѓу петтемина загинати во вчерашната експлозија во Фабриката за хемиски производи „Меламин“ во словенечкиот град Кочевје, има и еден државјанин на Северна Македонија, објавија денеска словенечките медиуми. Како што соопшти Полициската управа на Љубљана, од останатите четворица загинати, двајца се Словенци, а двајца државјани на БиХ. Според словенечката полиција, загинатите „се уште не се идентификувани, […]

Британци се тепале на сред Скопје


На 11.05.2022 во 12.30 часот во Полициската станица Центар, В.С.(37) од Велика Британија  пријавил дека околу 03.30 часот пред угостителски објект на ул.„Св. Кирил и Методиј” во Скопје, тој и неговите пријатели Д.И., С.Д.Х, И.С.Л. и Л.К. биле физички нападнати од четири лица, исто така, од Велика Британија. При тоа еден од нив со стаклен […]

Во Скопје санкционирани 18 мотоциклисти


 Во засилени акциски контроли во областа на сообраќајот вчера на територија на Скопје се изречени 146 мерки, од кои 18 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 12 за возење без возачка дозвола,  по 10  за возење повеќе од дозволената брзина и под дејство на алкохол. Изречени се осум мерки за користење мобилен […]

Во подрум во тетовско училиште најдени школски бомби од СФРЈ


Во вторникот,  околу 11 часот во СВР Тетово било пријавено дека при чистење на подрумска просторија на основно училиште во с.Јегуновце, тетовско, биле пронајдени три школски противпешадиски распрскувачки мини, една школска противтенковска мина, две школски рачни бомби, 12 парчиња школски електрични детонаторски каписли и две школски мини ПМА 1А, кои потекнувале од периодот на поранешна […]

Заложил рентакар возило на пријател за кредит од 360.000 денари


СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против З.А.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 став 1 и 3 од Кривичниот законик. Во текот на 2021 година, пријавениот со фалсификувана сообраќајна дозвола за патничко возило „фолксваген пасат“, кое го земал […]

Кривична пријава за загрозување на животната средина и природата со отпад


СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против скопјанцеот Ш.Ф. (61) и против правно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад”, казниво по член 230 став 3 од Кривичниот законик. Првопријавениот, како сопственик и управител на правното […]

Во Битола приведени дилери на дрога од Прилеп


Во неделата, во 22.15 часот од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Одделението за криминалистичка полиција од СВР Битола на ул.„Довлеџик“ во Битола биле лишени од слобода С.Д.(48), С.М.(24) и С.А.(44), сите од Прилеп. При преглед извршен кај нив, кај С.Д. биле пронајдени и одземени две пакувања […]

На „Партизанска“ изгореле три автомобили и бандера на ЕВН


Рано утрово на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје се запалил автомобил „Мицубиши Колт“, а пожарот се проширил и врз два други автомобили, соопшти МВР. – На 07.05.2022 во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански Одреди” настанал пожар во патничко возило „Мицубиши Колт” со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.П.(24) од Скопје. […]