Во Црна Гора се удави момче од Македонија


 

Момче од Македонија, на возраст од 22 години, се удави вчера на плажата „Утјеха“, помеѓу Бар и Улцињ, објави агенцијата СРНА.

Момчето се удавило околу 18 часот. На телото немало траги на насилство, а дополнително треба да се утврди причината за смртта.

Обвинителот ќе нареди обдукција, објавија црногорските електронски медиуми.

Според објавите во локалните медиуми, младиот човек дошол во заливот меѓу Бар и Улцињ, каде требало да почне да работи.