Измамени двајца скопјани – им зеле пари, а услуга не испорачале


Триесет и седумгодишен жител на скопско село вчера пријавил во полициската станица Гази Баба дека бил измамен на 12 јуни од едно лице за сума од 15.000 денари.

Според пријавата, лицето му се јавило и се претставило дека е од Тетово и побарало од него да се најдат во Тетово за да договорат транспорт на вештачка трева. Подоцна, лицето повторно му се јавило и побарало од него да земе и да плати автомобилски делови од друго лице кое ќе го чека после наплатната станица Глумово, по што кога ќе пристигне во Тетово, ќе му ги врати парите.

Лицето сфатило дека е измамено откако измамникот не се појавил на договореното место во Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 21:40 часот во СВР Скопје, 44-годишен скопјанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 16.000 денари.

Според пријавеното, околу 09:45 лицето му се јавило и се претставило дека е од Тетово и се договориле да му изврши транспорт на разни материјали до Бугарија за одредена сума на пари. Како што е пријавено, подоцна лицето повторно му се јавило и побарало после наплатната станица Глумово од едно лице да земе и плати автомобилски дел, а кога ќе пристигне во Тетово ќе му ги врател парите. Исто така, според пријавеното, откако го зел делот неколку пати се обидел телефонски да го добие лицето, но тој не се јавувал, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.