Бројот на умрени лица од насилна смрт во Македонија зголемен за 54,6 отсто


Според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија, бројот на умрените лица од насилна смрт е зголемен за 54,6 отсто во однос на претходната година и изнесува 677 умрени лица.

Умрените од насилна смрт учествуваат со 2,4 отсто во вкупниот морталитет. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2021 година, како и во претходните години, поголемо учество имаат машките лица, и тоа 61,9 отсто.

Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат „несреќните случаи“ со 83,3 отсто, „самоубиствата“ со 15,5 отсто и „убиствата“ со 1,2 отсто.

Во категоријата „несреќни случаи“, најголемо учество имаат умрените лица од „други надворешни причини за случајна повреда“ со учество од 65,1 отсто% во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт. Кај категоријата „самоубиства“ најголемо учество имаат случаите кај кои смртта настапила поради „бесење, странгулација и суфокација“ со учество од 8,3 отсто во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.

Во категоријата „убиства“, случаите кај кои смртта настапила поради „обид за нанесување телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје“ и поради „обид за нанесување телесна повреда на неозначен начин“, учествуваат со по 0,4 отсто во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.