Македонец уапсен во Србија, лажно се претставувал како хирург
Полицијата уапси четириесет и двегодишен државјанин на Македонија под сомнение дека лажно се претставил како хирург и, заедно со неколку други непознати лица, ја довел жртвата во заблуда дека итно ќе оперира член на семејството за пари, соопшти денес српското Министерството за внатрешни работи.
Полицијата го уапси веднаш по предавањето на парите и кај него пронајде 16.650 евра и 150.000 динари.
Се сомнева дека А.К. и лицата по кои се трага, измамиле луѓе на територијата на Белград од ноември 2025 година до сега и на тој начин нелегално стекнале повеќе од 100.000 евра.
Осомничениот е задржан на 48 часа, по што ќе биде приведен во надлежното обвинителство со кривична пријава.