Судски полицаец и доставувач зеле мито за да „средат“ пресуда
Судски службеници, едниот судски полицаец од скопскиот кривичен суд, другиот доставувач, завршија во притвор за земање на мито за посредување пред Апелациониот суд и пред Врховниот суд, соопшти Кривичниот суд.
Тие всушност требало да „средат“ пресуда којашто била изречена пред скопскиот Кривичен суд во траење од една година за неовластено производство на оружје.
Посредувањето требало да биде пред Апелациониот суд Скопје и пред Врховниот суд, а во врска со предмет за којшто Основниот кривичен суд Скопје донел пресуда во која е изречена казна затвор во траење од една година за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или рапсрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик . велат од Кривичен.
На судскиот полицаец определен му е притвор од 30 дена уште на 9 април за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“ поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и докази во текот на постапката. За доставувачот кој помагал во цела операција, иако обвинителството барало затворски притвор, судот му одредил куќен притвор.