Велосипедист прегазен утрово на крстосница на „Партизанска“
Велосипедист е повреден во сообраќајна несреќа што утринава се случи на крстосницата меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „Октомвриска револуција“ во близина на поликлиниката „Букурешт“.
Велосипедистот, кој се движел по пешачки премин, бил удрен од автомобил. Неофицијално, со возило на Брза помош бил пренесен на лекување.
На местото веќе е излезена екипа на Министерството за внатрешни работи.
Засега нема информации за состојбата на велосипедистот и за причините за несреќата.