Силувал 18-годишна бремена поранешна партнерка


Осумнаесетгодишна скопјанка пријавила во полиција дека била жртва на силување, а случајот се истражува.

Според информациите од МВР, на 23 април околу 00:15 часот во СВР Скопје, девојката пријавила дека претходниот ден на подрачјето на Шуто Оризари, нејзиниот поранешен вонбрачен партнер извршил обљуба врз неа. Според пријавата, таа била во поодмината бременост.

Надлежните институции преземаат мерки за расчистување на случајот. објави Скопје1.мк