Трагедија во Кисела Вода: Градежници затрупани во ископ за нова зграда


Градилиштето каде беа затрупани 4 рабоници (Фото: Б. Грданоски)

Тројца работници се затрупани утрово при ископ на темели на градилиште во Скопје во општината Кисела Вода, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Денеска (24.04.2026) во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улицата Козјак во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници. Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’, а во координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице“, соопшти МВР.

Претходно објавивме дека, голема трагедија се случи утринава во скопската населба Кисела Вода, во која најмалку двајца градежни работници се затрупани со градежен материјал при ископ и подготовка на теренот за изградба на нова зграда.

Според неофицијални информации на Нетпрес, еден од работниците е изваден, а други се длабоко затрупани, така што спасувачката акција е во тек.

Немилиот настан се случил зад кафулето „Фејс“, во близина на паркот „Македонија“. На местото на настанот во моментот има амбулантни возила, полиција, пожарна…

Следуваат повеќе детали…