Санкции за четири возила, врешеле меѓународен превоз на патници без документација


Полициски службеници од полициските станици за граничните премини „Табановце“, „Долно Блаце“ и „Пелинце“ вчера и завчера извршиле контрола на две патнички возила, еден автобус и еден минибус кои вршеле меѓународен превоз на патници, при што констатирале дека сите вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Како што соопштија од МВР, при контрола на автобус со струшки регистарски ознаки, на Граничен премин „Табановце“, управуван од Ш.Т. од селото Лабуништа, струшко и на минибус со струмички регистарски ознаки, управуван од В.С. од Струмица било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Исто така, на Граничен премин „Пелинце“, при контрола во патничко возило „форд галакси“ со бугарски национални ознаки, управувано од Н.П. од Куманово и на Граничен премин „Долно Блаце“, при контрола на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(30) од Арачиново, било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.