Жени тепале мажи, сопрузи – сопругите


Повеќе тепачки регистрирани се во најновиот билтен од полицијата, на територијата на целата држава.

Имено, вчера во 18.35 часот во Струга, полициски службеници го лишиле од слобода С.Р.(27) од Скопје затоа што физички ја нападнал и се обидел со остар предмет да ја повреди неговата 21-годишна невенчана сопруга од Скопје.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот и по консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во гостиварско село вчера во 20 часот полициски службеници го лишиле од слобода А.Ф.(62) затоа што се однесувал агресивно и се заканувал на неговата 60-годишна сопруга.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во полициската станица Крива Паланка, вчера 48-годишен жител на Крива Паланка пријавил дека во семејната куќа, по претходна расправија, неговата сопруга го нападнала со остар предмет и му нанела повреди.

Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 11.39 часот во СВР Скопје, Б.С.(46) од Скопје пријавил дека во 11.30 часот на ул.„Илија Димовски Гоче“ бил физички нападнат од 53-годишната Л.Н.(53) од Скопје.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ноќеска во 01:05 часот во тетовско село е лишен од слобода С.С.(39) затоа што физички ја нападнал неговата 31-годишна сопруга.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.