Кривични пријави за крадци од Гостивар, расчистени осум кражби


Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар целосно расчисти осум кражби и тешки кражби и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривични пријави против : Е.А.(26), И Ф.(30) и малолетник, сите од гостиварски Добридол и против Л.С.(40) и С.И.(36) од гостиварско Форино, согласно членовите 235 и 236 од Кривичниот законик.

Првите тројца пријавени од Добридол се сомничат дека во текот на овој месец во неколку наврати противправно одзеле добиток од штала во гостиварско Сенокосе и го продале на други лица, а двајцата форинци дека во март годинава извршиле тешки кражби во маркети во Гостивар.

Вкупната имотна корист со која противправно се стекнале петмината осомничени се проценува на 244 илјади денари.