Гореше хотел во Неготино, повредени тројца

Вчера околу 18.40 часот избувнал пожар во хотел на бул. „Маршал Тито“ во Неготино.
Територијалните противпожарни екипи на Неготино и Кавадарци интервенирале и го пожарот бил изгаснат.
Полицијата информира дека три лица се повредени, и тоа С.Т. (41) од Неготино и двајца пожарникари од Неготино, кои завршиле во болница во Неготино.