Со автомобил удрил во велосипедист на велосипедска патека кај „Алумина“


На крстосница од ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул. „Јуриј Гагарин“ вчера вечерта се случила сообраќајна несреќа.

Патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.Л.(35) од Скопје удрило во велосипедистот Ѓ.Ч.(34) од Скопје.

-По незгодата велосипедистот Ѓ.Ч. бил пренесен во Градската Општа Болница „8ми Септември“ каде од доктор му се констатирани телесни повреди, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Пациентот е во добра здравствена состојба, хоспитализиран на скопските клиники.