Двегодишно дете паднало од четврти кат во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Итната медицинска помош синоќа добила повик откако двегодишно дете паднало од четврти кат од зграда во Скопје.

Детето било пренесено во Ургентен центар, но за среќа нема тешки телесни повреди.

Полицијата информира дека несреќата се случила во Аеродром, по што блиските го донеле двегодишното дете во поликлиниката Јане Сандански.