Сообраќајка кај крстосницата на булеварите „Крсте Мисирков“ и „Кузман Јосифовски Питу“


Сообраќајна незгода на три возила се случи денеска во 13:50 часот на крстосницата на бул. „Крсте Мисриков со бул. „Кузман Јосифовски Питу“. Причинета е материјална штета, а досега нема пријава за повредени лица, информираа за МИА од СВР Скопје. Во сообраќајката учествувале возила Хјунади, Фиат и Пасат, сите со скопски регистерски ознаки. На терен е …

Сообраќајка кај крстосницата на булеварите „Крсте Мисирков“ и „Кузман Јосифовски Питу“ Read More »

Миле Јанакиески осуден на условна казна за набавката на двокатните автобуси


Миле Јанакиески како ексминистер, Снежана Филиповска-Павлевска како претседателка на комисија за спроведување на јавна набавка и Јулијана Јанкуловска-Атанасова член на комисијата на првото рочиште признаа вина дека ги прекршиле правилата за јавни набавки при избор на компамија која ги набави 202 двокатни автобуси за ЈСП. Игор Јанушев пак не призна вина и смета дека бил …

Миле Јанакиески осуден на условна казна за набавката на двокатните автобуси Read More »

Приведен скопјанец кој ограбил бензиска пумпа


Во кругот на студентски дом на подрачјето на Гази Баба ноќеска во 01.50 часот од слобода е лишен Е.Б.(41) од Скопје, кој се сомничи дека околу 01.30 часот извршил тешка кражба од бензинска пумпа на истото подрачје, оштетувајќи го стаклото од влезната врата, при што одзел повеќе производи, информираат од МВР. – По преземени мерки …

Приведен скопјанец кој ограбил бензиска пумпа Read More »

Опожарен автомобилот на Петре Шилегов, од пожарот зафатени уште три возила


Утрово на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, му изгореа автомобил, а покрај неговиот настрадаа уште три. Причините се уште не се познати за опожарувањето на автомобилите. „На 09.03.2022 во 03,20 часот било пријавено дека на ул. „Петре Пирузе“ во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно …

Опожарен автомобилот на Петре Шилегов, од пожарот зафатени уште три возила Read More »

Државјанин на Конго пронајден мртов во кумановско Лојане


Државјанин на Република Конго е пронајден мртов во дворно место на верски објект во липковското село Лојане, соопшти денеска кумановската полиција. Лекар констатирал смрт без насилство на телото на починатото лице. – Вчера во 06:00 часот во Полициското одделение Матејче било пријавено дека во дворно место на верски објект во село Лојане било пронајдено починато лице-мигрант. Лекар …

Државјанин на Конго пронајден мртов во кумановско Лојане Read More »

Од струен удар загинаа мајка и ќерка во Горно Арнакија


На 08.03.2022 околу 14.50 часот во Полициско одделение Сарај од Итната медицинска помош е пријавено дека во с.Горно Арнакија има две женски лица починати од струен удар. Полициски службеници излегле на местото на настанот и според изјавеното од Н.С.(27) од с.Арнакија, откако околу 14.10 часот ја пронашла нејзината сестра М.С.(24) од истото село во купатилото …

Од струен удар загинаа мајка и ќерка во Горно Арнакија Read More »

Сопственик на деловен објект во Куманово нападнат од три лица


Сопственик на деловен објект од Куманово бил нападнат од три лица, соопшти денеска кумановската полиција. Вчера во 17:30 часот во СВР Куманово О.М. (46) од Куманово пријавил дека во неговиот деловен објект на улицата „Доне Божинов“ бил физички нападнат од три лица со тврд предмет. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Во втор случај, кумановската полиција …

Сопственик на деловен објект во Куманово нападнат од три лица Read More »

Приведени двајца за грабежот во банката во центарот на Скопје


Денеска во Скопје,  приведени се Н.Ш. (24) и С.Б. (32) поради сомнение дека учествувале во денешното разбојништво кое беше пријавено во 12.35 часот во експозитура на банка на подрачје на Центар кога три лица со закана со оружје одзеле пари од вработените. Се преземаат и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Грабеж на банка во центарот на Скопје


Грабеж на банка во скопската општина Центар е причината за засиленото полициски присуство во делот меѓу скопските населби Центар и Капиштец, информира полицијaта. „На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што …

Грабеж на банка во центарот на Скопје Read More »

За непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери изречени 19 санкции


Санкционирани се 19 учесници во сообраќајот во периодот од 28.02.2022 до 07.03.2022 година во рамки на спроведената акциска контрола на територијата на државава за санкционирање неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. Од …

За непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери изречени 19 санкции Read More »

Приведени крадци во Скопје, украденото пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците


 Одделението за криминалистички работи Гази Баба и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вчера во 19:30 часот ги лишеле од слобода С.П.(34) и И.Б.(21), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека истиот ден во гаражен простор на трговски центар на подрачјето на Гази Баба извршиле тешка кражба во  патничко моторно возило „шкода“ …

Приведени крадци во Скопје, украденото пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците Read More »

Приведени четири лица за напад поради недоразбирање во сообраќај во Тетово


Четири лица на возраст од 19 и 20 години се приведени веднаш по физички напад над двојно повозрасен жител на Џепчиште поради недоразбирање во сообраќајот.  Инцидентот се случил на улицата „ЈНА“ во Тетово вчера околу 15 часот. -Полициски службеници ги лишиле од слобода А.А.(20), Б.А.(19) и Ј.А.(20) од Тетово и Е.Ш.(20) од тетовско Ново Село, …

Приведени четири лица за напад поради недоразбирање во сообраќај во Тетово Read More »

Жалбите на обвинетите во „Таргет-Тврдина“ да се одбијат, предложи ВЈО Скопје


Сите жалби поднесени од обвинетите да се одбијат, предложи јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство – Скопје, Елвин Вели, на денешната јавна седница во Апелацискиот суд – Скопје по повод изјавените жалби на обвинетите во случајот по сите основи и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по повод изречените кривични …

Жалбите на обвинетите во „Таргет-Тврдина“ да се одбијат, предложи ВЈО Скопје Read More »

Почна јавната седница во скопска апелација за случајот „Таргет-Тврдина“


По една година од кога беше објавена пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“, денеска во Апелациониот суд Скопје, почна јавната седница за жалбите поднесени од обвинетите Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска и останатите обвинети за овој предмет, кој се однесува на масовното незаконско прислушување на стотина граѓани на Северна Македонија, во период од 2008 до 2015 година. За …

Почна јавната седница во скопска апелација за случајот „Таргет-Тврдина“ Read More »

Трае потрагата по 74-годишник од пехчевското село Црник


Полицијата се уште трага по 74-годишен жител на Црник, општина Пехчево, кој пред три дена го напуштил Клиничкиот центар во Скопје и се уште не се вратил во родното село. Исчезнувањето, како што информираат од полицијата, го пријавила неговата сестра од Делчево. -Пријавата ја добивме на 5 март 2022 во 20:15 часот. Во Полициска канцеларија …

Трае потрагата по 74-годишник од пехчевското село Црник Read More »

Штипјанец во „јагуар“ чувал кокаин


Службеници од СВР Штип ноќеска во 01.30 часот во Штип го лишиле од слобода 32-годишниот штипјанец Н.Н., затоа што кај него и во патничко моторно возило „јагуар“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, е пронајден кокаин. Како што информира МВР, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок

Скопјанец загина при сообраќајна незгода во Ѓорче Петров


Педесет и петгодишен маж загина, а 28-годишна жена е повредена вчера, кога автомобилот со кој патувале излетал од коловозот на улица „Ѓорче Петров“ во Скопје, информира МВР. Како што се наведува во полициското соопштение, несреќата се случила вчера околу 15.30 часот, кога патничко моторно возило „Пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот скопјанец …

Скопјанец загина при сообраќајна незгода во Ѓорче Петров Read More »

Во Скопје регистрирани 173 сообраќајни прекршоци, 56 за брзо возење


При засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територија на Град Скопје припадници на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден изрекоа вкупно 173 мерки. Од нив, како што информира МВР, 56 санкции биле за возење со брзина поголема од дозволената, 43 мерки за управување возила под дејство на алкохол, а 17 …

Во Скопје регистрирани 173 сообраќајни прекршоци, 56 за брзо возење Read More »

Приведен разбојник во Чаир, пронајдени пари


Во саботата, во 19,45 часот на подрачје на Чаир од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода Ш.А.(38) од Скопје, затоа што на Р.Т.(62) од Скопје околу 02 часот истиот ден кај трговски центар на подрачје на Чаир насилно му одзел пари и мобилен телефон. Известен е јавен …

Приведен разбојник во Чаир, пронајдени пари Read More »

Тетовчанец без лиценца реемитувал ТВ канали, приведен е во полиција


Полицијата во Тетово соопшти дека денеска е приведен 56 – годишен тетовец поради сомнение дека препродавал и реемитувал ТВ канали без потребна лиценца. Приведувањето следело по претрес во неговиот дом денеска околу 15:50 часот. -При претрес извршен со судска наредба, биле пронајдени и со потврда одземени: 11 дримбоксови, три компјутерски куќишта, пиштол „ТТ” со рамка …

Тетовчанец без лиценца реемитувал ТВ канали, приведен е во полиција Read More »