Тетовчанец без лиценца реемитувал ТВ канали, приведен е во полиција


Полицијата во Тетово соопшти дека денеска е приведен 56 – годишен тетовец поради сомнение дека препродавал и реемитувал ТВ канали без потребна лиценца. Приведувањето следело по претрес во неговиот дом денеска околу 15:50 часот.

-При претрес извршен со судска наредба, биле пронајдени и со потврда одземени: 11 дримбоксови, три компјутерски куќишта, пиштол „ТТ” со рамка и 124 куршуми калибар 7,62 милиметри, ловечка пушка “дамас” со 45 куршуми калибар 12 милиметри, два мобилни телефони и еден нотес, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Осомничениот е задржан во полициска станица Тетово, а во координација со Јавен обвинител ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.