Приведен разбојник во Чаир, пронајдени пари


Во саботата, во 19,45 часот на подрачје на Чаир од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода Ш.А.(38) од Скопје, затоа што на Р.Т.(62) од Скопје околу 02 часот истиот ден кај трговски центар на подрачје на Чаир насилно му одзел пари и мобилен телефон.

Известен е јавен обвинител, а кај сторителот се пронајдени пари кои потекнуваат од извршеното кривично дело и истиот го признал делото. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.