Грабеж на банка во центарот на Скопје


Фото: Б. Грданоски

Грабеж на банка во скопската општина Центар е причината за засиленото полициски присуство во делот меѓу скопските населби Центар и Капиштец, информира полицијaта.

„На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Голем број на полициски службеници од попладнево се на терен и вршат претреси на секој автомобил што ќе помине во тој реон.