За непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери изречени 19 санкции


Фото: Б. Грданоски

Санкционирани се 19 учесници во сообраќајот во периодот од 28.02.2022 до 07.03.2022 година во рамки на спроведената акциска контрола на територијата на државава за санкционирање неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

Од вкупниот број санкции, 18 се за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и една санкција за неовластено вградување и користење за уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

Од МВР денеска информриаа дека на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.