Приведени двајца за грабежот во банката во центарот на Скопје


Денеска во Скопје,  приведени се Н.Ш. (24) и С.Б. (32) поради сомнение дека учествувале во денешното разбојништво кое беше пријавено во 12.35 часот во експозитура на банка на подрачје на Центар кога три лица со закана со оружје одзеле пари од вработените.

Се преземаат и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.