Сопственик на деловен објект во Куманово нападнат од три лица


Сопственик на деловен објект од Куманово бил нападнат од три лица, соопшти денеска кумановската полиција.

Вчера во 17:30 часот во СВР Куманово О.М. (46) од Куманово пријавил дека во неговиот деловен објект на улицата „Доне Божинов“ бил физички нападнат од три лица со тврд предмет. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Во втор случај, кумановската полиција привела крадец кој одзел предмети од семејна куќа.

– Вчера полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода П.М.(42) од Куманово. Тој се сомничи дека влегол во куќа на улица „Пионерска“ во Куманово и одзел различни предмети-информираше полицијата.

П.М. бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.