Миле Јанакиески осуден на условна казна за набавката на двокатните автобуси


Фото: Б. Грданоски

Миле Јанакиески како ексминистер, Снежана Филиповска-Павлевска како претседателка на комисија за спроведување на јавна набавка и Јулијана Јанкуловска-Атанасова член на комисијата на првото рочиште признаа вина дека ги прекршиле правилата за јавни набавки при избор на компамија која ги набави 202 двокатни автобуси за ЈСП.

Игор Јанушев пак не призна вина и смета дека бил невин.

Сите кои признаа вина, меѓу кои и Јанакиевски беа добија условна казна.

Предметот беше за криминална набавка на автобусите во 2009 година.

Според ОЈО за гонење на организиран криминал, Министерството за транспорт предводено од Миле Јанакиески ја избрале поскапата понуда на Јутонг, иако знаеле дека компанијата нема комплетна документација.

„Имено, по три неуспешни постапки за набавка на двокатни автобуси што биле спроведени во текот на 2008 и 2009 година, во месец февруари 2010 година била спроведена нова постапка за јавна набавка. При отварање и разгледување на понудите доставени по јавниот оглас за набавка на 200 автобуси од затворен тип и два автобуси од отворен тип, обвинетите С.Ф.П. (47) како претседател и И.Ј.(36) и Ј.Ј.А.(62) како членови на Комисијата за спроведување на јавна набавка на двокатни автобуси за ЈСП на Град Скопје, во договор со првообвинетиот М.Ј.(43), постапиле спротивно на Законот за јавни набавки и фаворизирале економски оператор кој до денот на отварањето на понудите немал доставено банкарска гаранција на понудата и сертификат за квалитет ИСО 9001:2000, како што било пропишано во тендерската документација. Комисијата наместо да ја отфрли понудата како некомплетна, ја продолжила постапката и извршила евалуација на двете доставени понуди. И покрај тоа што понудата на економскиот оператор од Р.Бугарија била за 4 772 920 евра пониска, Комисијата го избрала економскиот оператор од Кина и му предложила на првообвинетиот да склучи договор со него“, објаснуваа од обвинителството.

Вкупниот договор за купување на двокатните автобуси од кинески Јутонг чинел околу 35 милиони евра, велат од обвинителството. Со постапките, обвинетите сториле кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување.