Приведени крадци во Скопје, украденото пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците


Илустрација

 Одделението за криминалистички работи Гази Баба и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вчера во 19:30 часот ги лишеле од слобода С.П.(34) и И.Б.(21), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека истиот ден во гаражен простор на трговски центар на подрачјето на Гази Баба извршиле тешка кражба во  патничко моторно возило „шкода“ со неготински регистарски ознаки, сопственост на В.В. од Неготино при што одзеле повеќе предмети, информираат од МВР.

– Тие биле приведени во Полициската станица Бит Пазар и кај нив биле пронајдени украдените предмети, како и алат со кој било извршено кривичното дело. Со нив бил извршен службен разговор, во кој го појасниле начинот на извршување на кривичното дело. По целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава, велат од МВР.