Опожарен автомобилот на Петре Шилегов, од пожарот зафатени уште три возила


Утрово на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, му изгореа автомобил, а покрај неговиот настрадаа уште три. Причините се уште не се познати за опожарувањето на автомобилите.

„На 09.03.2022 во 03,20 часот било пријавено дека на ул. „Петре Пирузе“ во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Ј.Ш.. Од пожарот зафатени биле и патнички моторни возила „пасат“, „матиз“ и „нисан“ со скопски регистарски ознаки, сите сопственост на Д.М. (53). Се врши увид и се работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов во изјава за медиумите вели дека е потресен од немилиот настан.

– Искрено не знаеме како се запалило нашето возило. Чекаме МВР да ни каже како се запалил нашиот автомобил кој е целосно изгорен. Во пожарот целосно изгоре и возило на сосед, а уште две други се оштетени. Оштетена е и фасадата на соседот – вели Шилегов.