Измамена кавадарчанка, лажен јавен обвинител и одзел 12 илјади денари


Измамена е кавадарчанка, на коај лажен јавен обвинител и одзел 12 илјади денари, информираа денеска од СВР Велес. Оттаму појаснија дека станува збор за 62-годишна жена која случајот вчера го пријавила во полиција. -Според пријавеното, лицето ѝ се јавило, се претставило дека е јавен обвинител од Скопје и дека против нејзиниот син наводно се водела …

Измамена кавадарчанка, лажен јавен обвинител и одзел 12 илјади денари Read More »

Двајца битолчани осомничени за крадењето бакарни цевки во струшкиот Завод за нефрологија


Двајца битолчани се осомничени за крадењето бакарни цевки од централниот довод за медицински гас во Специјалната болница за нефрологија во мај годинава, соопшти денеска СВР – Охрид. Одделението за внатрешни работи – Струга поднело кривична пријава против Ѓ.В. (29) и Б.В. (23), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела …

Двајца битолчани осомничени за крадењето бакарни цевки во струшкиот Завод за нефрологија Read More »

Опожаренo возилото на пратеникот Петар Ристески


Возилото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески било опожарено ноќеска околу 2 часот по полноќ, на улица Цар Самоил во Прилеп. Возилото „шкода“ целосно е опожарено, а во пожарот било зафатено и уште едно возило во сопственост на семејството. Настанот е пријавен во полиција, а од СВР Битола го потврдуваат. Пожарот бил изгаснат со интервенција …

Опожаренo возилото на пратеникот Петар Ристески Read More »

Претрес во Штип, пронајдена дрога, приведени две лица


Во вторникот, во 17.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода С.Ш.(38) и Д.Ш.(36), двајцата од Штип. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени саксија со засадено растение канабис, исушени листови од растението канабис, дробилка, боев куршум за автоматска пушка и други предмети кои …

Претрес во Штип, пронајдена дрога, приведени две лица Read More »

Се преврте цистерна кај Виница


Во понеделникот во 18 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Штип, кај место викано ,,Каменолом“, товарно возило „ман“ со полуприколка – цистерна, и двете со бугарски национални ознаки, сопственост на правно лице од Бугарија, а управувано од Д.Ј.(58) од Бугарија, се превртело на коловозот. Во несреќата возачот се здобил со …

Се преврте цистерна кај Виница Read More »

Шумскиот пожар над селата Ореше и Папрадиште изгаснат од мештаните


Шумски пожар кој избувнал вчера над селата Ореше и Папрадиште, а предизвикан од човечки фактор, денеска е изгаснат од страна на мештаните. Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) соопшти дека вчера во 20:05 часот од страна на шумар од ШС Бабуна биле известени дека при обиколка на место викано Плавник, бил забележан густ црн …

Шумскиот пожар над селата Ореше и Папрадиште изгаснат од мештаните Read More »

Родители нападнале другарче на нивното дете во Аеродром


Обична расправија меѓу две малолетни деца заврши со напад врз едното дете од страна на родителите на другото. Според информациите кои ги имаме во саботата во општина Аеродром две малолетни дете имале недоразбирање, при што едното дете било нападнато од родителите на друго малолетно лице, Б.А. и Е.А.. Во извештајот на Министерството за внатрешни работи …

Родители нападнале другарче на нивното дете во Аеродром Read More »

Непознато лице лажно се претставувало како вработено во УЈП со цел да оствари имотна корист


Изминативе денови непознато лице лажно се претставувало дека работи во Управата за јавни приход како одговорно лице за наплата на долгови и барало пари од даночни обврзници со цел да го намали долгот што го имале спрема Управата, информираат од УЈП. Од Управата соопштуваат дека оваа информација ја добиле денеска, и оти согласно член 391 …

Непознато лице лажно се претставувало како вработено во УЈП со цел да оствари имотна корист Read More »

Истрага за обид за убиство во Струмица


Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 32 и 31 година.  Првиот е осомничен за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, а вториот е осомничен за поттикнување да го изврши делото. Како што информира …

Истрага за обид за убиство во Струмица Read More »

Повреден мотоциклист во сообраќајка на „Рузвелтова“ во Скопје


Во сообраќајка што се случила утрово околу 09.50 часот на ул. „Рузвелтова“ во Скопје, според првичните информации, со повреди се здобил мотоциклист, кој бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување лекарска помош. Во СВР Скопје, информираа за МИА, било пријавено дека на ул. „Рузвелтова“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат …

Повреден мотоциклист во сообраќајка на „Рузвелтова“ во Скопје Read More »

Пожарот во Мичурин изгаснат по интервенцијата на противпожарната служба


 Пожарот кој попладнево избувна во станбен објект во Мичурин е изгаснат по интервенцијата на екипите од Противпожарната единица на Град Скопје. Според информациите од Противпожарната единица, нанесена е материјална штета но нема починати или повредени во текот пожарот. Противпожарната единица интервенираше со четири возила и 12 пожарникари за гасење на пожарот.

Се пукало на свадба во Тетово, па раниле дете


Ноќеска, во 2.10 часот во СВР Тетово се пријавил З.З.(32) од Скопје поради сомнение дека синоќа (15 јули) околу 20.00 часот, на семејна свеченост во Тетово, пукал со огнено оружје, а куршумот повредил малолетник, кој бил присутен на свеченоста и на кого му е укажана лекарска помош. Се превземаат мерки за расчистување на случајот, по …

Се пукало на свадба во Тетово, па раниле дете Read More »

Затворена фабрика за производство на канабис за медицински цели во Струга


Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека во Струга е затворена фабрика за производство на канабис за медицински цели и спречено е производство на дрога вредна пет милиони евра. Акцијата е спроведена вчера во објект во селото Дрслаица во општина Струга. – При контролата е констатирано дека инсталираниот видео надзор не го покрива целиот објект и …

Затворена фабрика за производство на канабис за медицински цели во Струга Read More »

Во последниве шест недели притворени 26 дилери на дрога во Битола


  БИТОЛА – Битолската полиција влезе во отворена битка со дилерите на дрога, ретки се деновите во полицискиот извештај да нема информација за фатен дилер на дрога. Според анализата на СВР Битола дадена за „Независен“, само во последните 45 дена, лишени од слобода се дури 26 дилери на дрога во Битола. При претрес кај нив …

Во последниве шест недели притворени 26 дилери на дрога во Битола Read More »

(Видео) Запленета дрога вредна над 400.000 евра во Кочани


На 15.07.2022 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога и СВР Штип-НК за КР Кочани до Основно jавно oбвинителство Кочани поднесоа кривична пријава против правeн субјект од Кочани за производство на канабис и С.В.К. (39) од Р.Бугарија, поради постоење …

(Видео) Запленета дрога вредна над 400.000 евра во Кочани Read More »

Запленетa дрога во Кочани, вредна близу половина милион евра


 Полицијата денеска заплени над 200 килограми марихуана во голема полициска акција во Кочани. Полициска акција се уште е во тек, а детали од МВР најавуваат за утрешниот ден, по завршување на акцијата. Според првичните проценки, вредноста на дрогата е близу половина милион евра.

Скопјанка на возраст од 28 години пронајдена мртва во својот дом


Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 07.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Блаже Биринчето“ во Скопје била пронајдена почината М.М.(28) од Скопје, која боледувала од хронична болест. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, …

Скопјанка на возраст од 28 години пронајдена мртва во својот дом Read More »

Скопјанка злоупотребувала лични податоци


ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 58-годишна жена од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Таа, во својство на судски извршител, на 09/10.04.2022 во дневен весник објавила лични податоци на машко лице од Кичево без негова согласност. Објавата се однесувала за предмет кој немал извршен наслов, со …

Скопјанка злоупотребувала лични податоци Read More »

Едниот пиштол со кој се пукаше на „Скендербег“ не бил огнено оружје


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. На 6 јули, кога толпата учесници на јавен собир се приближиле кон плоштадот „Скендербег“ во Скопје, осомничениот бил дел од група граѓани …

Едниот пиштол со кој се пукаше на „Скендербег“ не бил огнено оружје Read More »

Одбиено тужбеното барање на Камчев за оштетното побарување од Боки-13 и Катица Јанева


Основниот суд Скопје 2 го одби тужбеното барање на Орце Камчев за оштетното побарување од Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева за случајот „Рекет“. Како што стои во соопштението од Основниот Граѓански суд, со пресуда тужбеното барање е одбиено како неосновано. При објавата, судијата – претседател на советот во образложение на ваквата одлука …

Одбиено тужбеното барање на Камчев за оштетното побарување од Боки-13 и Катица Јанева Read More »