Скопјанка на возраст од 28 години пронајдена мртва во својот дом


Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 07.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Блаже Биринчето“ во Скопје била пронајдена почината М.М.(28) од Скопје, која боледувала од хронична болест.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, информираат од полицијата.