Измамена кавадарчанка, лажен јавен обвинител и одзел 12 илјади денари


Измамена е кавадарчанка, на коај лажен јавен обвинител и одзел 12 илјади денари, информираа денеска од СВР Велес. Оттаму појаснија дека станува збор за 62-годишна жена која случајот вчера го пријавила во полиција.

-Според пријавеното, лицето ѝ се јавило, се претставило дека е јавен обвинител од Скопје и дека против нејзиниот син наводно се водела судска постапка. Како што е пријавено, лицето и побарало 300 евра за да му помогне на нејзиниот син во судски процес, а откако му кажала дека ја има само наведената сума, лицето се согласило и побарало парите да му ги пушти по такси возило во Гевгелија, по што го прекинал контактот со неа, соопштија од СВР Велес.

Се работи на расчистување на случајот и по целосно документирање ќе следи соодветна пријава.