Родители нападнале другарче на нивното дете во Аеродром
Обична расправија меѓу две малолетни деца заврши со напад врз едното дете од страна на родителите на другото.
Според информациите кои ги имаме во саботата во општина Аеродром две малолетни дете имале недоразбирање, при што едното дете било нападнато од родителите на друго малолетно лице, Б.А. и Е.А..
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.