Се пукало на свадба во Тетово, па раниле дете


Ноќеска, во 2.10 часот во СВР Тетово се пријавил З.З.(32) од Скопје поради сомнение дека синоќа (15 јули) околу 20.00 часот, на семејна свеченост во Тетово, пукал со огнено оружје, а куршумот повредил малолетник, кој бил присутен на свеченоста и на кого му е укажана лекарска помош.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот, по што во координација со Јавен обвинител ќе биде изготвен соодветен поднесок.