Грин Машинс ќе го придружува Иџе на европските патеки – брендот станува спонзор на најтрофејниот македонски автомобилист


Компанијата Грин Машинс, бренд на БРАКО и еден од водечките светски производители на возила за урбана хигиена, воспостави соработка со најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, чии тркачки автомобили отсега ќе го носат логото на македонскиот бренд на европските патеки. „За нас претставува чест да бидеме дел од приказната на Игор Стефановски – Иџе. […]

Фолксваген, Стелантис и Рено бараат 70 отсто од вредноста на автомобилите да се произведува во ЕУ


Најголемите европски производители на автомобили Фолксваген, Стелантис и Рено ја повикаа Европската Унија да воведе едноставно правило „Произведено во Европа“, така што возилата што се продаваат на европскиот пазар мора да генерираат најмалку 70 проценти од нивната вредност во рамките на блокот. Во заедничко писмо до европратениците, компаниите, кои заедно сочинуваат околу 60 проценти од […]

Волстрит: „Спејс икс“ го подобри расположението, индексите пораснаа


Акциите пораснаа во петокот, откако скокот на „Спејс икс“ на отворањето го зголеми расположението и инвеститорите се надеваа на потенцијален мировен договор меѓу САД и Иран. S&P 500 затвори со пораст од 0,5% на 7.431,46, додека Насдак композит додаде 0,31% и заврши на 25.888,84. Индустрискиот просек Дау Џонс напредуваше за 353,51 поени, или 0,7%, и […]

Конзорциум предводен од „Гранит“ ќе го гради автопатот Скопје-Блаце, изградбата стартува летово


Конзорциум предводен од домашната градежна компанија „Гранит“ ќе го гради вториот дел од автопатот Скопје-Блаце, во должина од 10,5 километри, а изградбата ќе почне летово, информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој очекува автопатот да биде изграден за 3,5 години. На него ќе има пет тунели, две галерии, 12 мостови, околу 40-тина […]

Тодор Анѓушев на трибината на МАКО СИГРЕ: Батериските системи се следниот голем чекор во енергетиката


Новото клучно прашање во енергетскиот сектор е каде и како ќе се складира произведената електрична енергија од обновливи извори, изјави Тодор Анѓушев, управител на ЕМС во рамките на ФЕРО ИНВЕСТ, на стручната трибина „Складирање на електрична енергија и интеграција на производство од обновливи извори – Предизвици и решенија“, организирана од МАКО СИГРЕ на ФЕИТ во […]

Што значи богатството на Маск во реални услови: 60 пати поголемо од БДП на Македонија


Богатството на Илон Маск е повеќе од 60 пати поголемо од вкупниот годишен БДП на Македонија, покажува споредбата меѓу она што како вредност го поседува најбогатиот човек на светот и од петокот прв билионер на планетата и македонската економија во моментов. Неговата нето-вредност достигнува речиси 1,1 билион американски долари (илјада милијарди долари), додека номиналниот БДП […]

Одобрено медиумското спојување вредно 111 милијарди долари


Антимонополскиот оддел на американското Министерство за правда ја одобри понудата на Paramount Skydance за преземање на Warner Bros Discovery, вредна 111 милијарди долари, ја потврдија два независни извори. Одобрувањето ја отстранува големата регулаторна пречка за она што стана едно од највнимателно следените спојувања на медиумите од администрацијата на Трамп, пишува Политико. Одлуката, чие официјално објавување […]

Акциите на „СпејсИкс“ скокнаа за 11 отсто на историското деби на берзата, сега вреди 2 билиони долари


Компанијата „СпејсИкс“ (SpaceX) на Илон Маск денеска забележа рекордно деби на берзата при нејзината првична јавна понуда (ИПО), откако вредноста на акциите на отворањето скокна за повеќе од 11 отсто, достигнувајќи 150 долари во споредба со почетната цена од 135 долари. Со овој скок, пазарната вредност на компанијата се искачи на речиси два билиони долари. […]

Азески избран за в.д. претседател на Коморскиот инвестициски форум


 Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески е избран за вршител на должност претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), кој ги обединува стопанските комори од регионот на Западен Балкан. На седницата одржана во Белград, Република Србија, Азески беше едногласно избран со мандат да спроведе темелни корекции во структурата на КИФ и на Бизнис советот, составен од […]

Скопје авионски ќе се поврзе со Анкара, ќе има и карго железничка линија


Успешните средби што денеска ги имав со турскиот министер за трговија Омер Болат и министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу, резултураа со договори за воспоставување на директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување меѓу двете земји, објави на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Средбите се одржаа во рамики на на македонско-турскиот […]

Дваесет години од рестартирањето: Рудник Саса продолжува да инвестира во луѓето и локалната заедница


Во рамки на одбележувањето на 20-годишнината од рестартирањето на рудникот ќе бидат засадени 20 нови дрвја во паркот „Младост“ во Македонска Каменица, кој претходно беше изграден токму со поддршка од Рудник Саса. За потребите на Територијалната противпожарна единица во Македонска Каменица, дониран е дрон и соодветна обука за негово користење, со кој се овозможува ефикасно […]

Мицкоски ги повика турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија


Има голем интерес на турските компании за инвестирање во Македонија – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по учеството на бизнис-форумот во Истанбул, каде што со владина и бизнис-делегација ги презентира можностите на македонската економија.  Целта, посочи Мицкоски, е нашата македонска економија и нашите бизниси да се поврзат со бизнисите овде во Истанбул.   – Овде сум […]

Борис Вујчиќ: Подлабоката монетарна интеграција може значително да ја намали финансиската ранливост на регионот


Подлабоката монетарна интеграција може да одигра значајна улога во намалувањето на финансиската ранливост на регионот на Западен Балкан, особено имајќи ја предвид широко распространетата употреба на еврото во повеќе економии од регионот. Усвојувањето на заедничката валута го намалува ризикот од неусогласеност меѓу приходите во домашна валута и задолжувањето во странска валута, со што се олеснува […]

Побогат од најбогатите: Елон Маск е првиот билионер во светот


Малку бизнис лидери биле толку длабоко вкоренети во популарната култура како Елон Маск, амбициозниот претприемач кој стана централна фигура во интернет културата и собра богатство што го направи првиот билионер во светот, пишува Ројтерс. Во време кога загриженоста за нееднаквоста е голема, а ставовите на јавноста кон ултрабогатите се влошија, се отвора нов таб, Маск […]

Финансиските друштва нема да исплаќаат пари во готово, се подготвуваат законски измени


Министерството за финансии работи на измени и дополнувања на Законот за финансиските друштва, со цел зајакнување на регулаторната рамка, поголема заштита на граѓаните и унапредување на транспарентноста и стабилноста во работењето на овие субјекти. Се работи на законски измени што предвидуваат воведување задолжителни внатрешни тела во секое финансиско друштво, како одбор за внатрешна ревизија, одбор […]

Узунчев: АД ЕСМ ќе заштеди 8 милиони евра преку реструктуирање на проектот „Александрополис“


АД ЕСМ ќе заштеди приближно 8 милиони евра откако Управниот одбор на компанијата преговараше за анекс на договорот со „Гастрејд“ – операторот на терминалот за течен гас во Александрополис. Со оваа клучна спогодба се става крај на целосно непродуктивните трошоци за закуп на капацитет што компанијата до сега немаше можност да го користи, со што […]

Мицкоски и владина делегација на бизнис-форум во Истанбул


 Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во работна посета на Истанбул, каде што ќе учествува на бизнис-форум посветен на бизнис-соработката меѓу Македонија и Турција. – Предвидено е премиерот Мицкоски да се обрати на завршната церемонија на бизнис-форумот, која ќе почне денеска напладне. Посетата ќе биде искористена и за политички средби значајни за двете држави – […]

Фолксваген го намалува бројот на вработени во Германија


Германскиот автомобилски гигант Фолксваген ќе ја намали својата работна сила во Германија за 19.000 до крајот на годината, објави извршниот директор Оливер Блуме. Според него во писмо до акционерите, Фолксваген веќе се согласил да отпушти повеќе од 28.000 вработени до крајот на 2030 година, објавува Ханделсблат. Трошоците за производство во неговите германски фабрики се намалени […]

„Спејс икс“ излегува на берза со рекордна проценета вредност


„Спејс икс“ (SPACEX) соопшти дека акциите на компанијата на Елон Маск ќе се продаваат за најмалку 135 долари кога ќе излезе на берза во петок, во она што се очекува да биде највредната иницијална јавна понуда (IPO) во историјата. Проценката е иста како онаа на компанијата за истражување на вселената и вештачка интелигенција поставена пред […]

Во Истанбул ќе се одржи бизнис форум за унапредување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Турција


Во Истанбул денеска ќе се одржи бизнис форум посветен на јакнење на економските врски и промоција на инвестициските потенцијали на Република Северна Македонија пред турската деловна заедница. Форумот се организира во рамки на проектот „Промоција на Мапа за инвестирање“, како дел од Програмата за поддршка на спроведувањето на Националната развојна стратегија, предводена од Владата на […]