Во Германија годинава би можеле да бидат затворени 200 илјади работни места, проценува „Алијанс трејд“


Повеќе од двеста илјади работни места во Германија се изложени на ризик оваа година поради очекувањата за зголемен број корпоративни стечаи што би можеле да достигнат највисоко ниво во последните 14 години, покажува анализата на кредитната осигурителна компанија „Алијанс трејд“. Проценката објавена во извештајот за глобалните трендови на стечаи, се базира на статистички модели и …

Во Германија годинава би можеле да бидат затворени 200 илјади работни места, проценува „Алијанс трејд“ Read More »

Штип ќе се „ресетира“: Елена Бубало и Бојана Ташков во заедничка фитнес сесија организирана од Реплек


РЕсет платформата на „Реплек“ продолжува да ја шири својата инспиративна фитнес енергија низ земјава. Следна станица во рамки на серијата интерактивни активности е Штип, каде на 25 април, сабота, со почеток во 11.00 часот, во спортската сала на Државниот училиштен центар „Коле Нехтенин“, ќе се одржи осмото издание на настанот, со познатата фитнес инструкторка Елена …

Штип ќе се „ресетира“: Елена Бубало и Бојана Ташков во заедничка фитнес сесија организирана од Реплек Read More »

Цените на нафтата остануваат високи и покрај продолжувањето на примирјето од страна на Трамп


Цените на нафтата останаа на високо ниво и покрај објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека примирјето со Иран ќе биде продолжено, додека пазарите покажаа малку знаци за смирување на тензиите. Нафтата од типот „Брент“ за испорака во јуни синоќа кусо се искачи над 100 долари за барел за првпат по околу една недела, пред …

Цените на нафтата остануваат високи и покрај продолжувањето на примирјето од страна на Трамп Read More »

Почнува Делфи економскиот форум во Грција – учествуваат министерката Божиновска и заменик шефот на дипломатијата Димитровски


Под наслов „Шокот на новото“, со учество на 1.200 говорници – 760 од Грција и 440 од странство, меѓу кои и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, со планирани над 200 дискусии, во грчкиот планински град со античко и историско значење Делфи …

Почнува Делфи економскиот форум во Грција – учествуваат министерката Божиновска и заменик шефот на дипломатијата Димитровски Read More »

Јужна Америка станува најважен извор на раст на понудата со нафта во светот


Одржливата цена на нафтата од 100 долари за барел би можела да ослободи до 2,1 милиони барели дневно дополнително снабдување во Јужна Америка до средината на 2030-тите, соопшти во среда компанијата за истражување на енергијата „Ристад енерџи“. „Ристад“ сега прогнозира дека барел нафта ќе чини просечно 89 долари оваа година. Уште во јануари, процени дека …

Јужна Америка станува најважен извор на раст на понудата со нафта во светот Read More »

Царината етапно ќе ги царини употребуваните автомобили, електронскиот Шваке систем е хакиран


Царинската управа (ЦУ), согласно своите законски надлежности, започнува со етапно царинење на употребувани автомобили со цел олеснување на увозот и непречено одвивање на процесите на царинење. Притоа, посочуваат од ЦУ, ќе користи други расположиви податоци, наместо податоци од електронскиот Шваке систем до којшто, во светски рамки, е оневозможен пристап поради скорешен сајбер напад. -Царинската управа …

Царината етапно ќе ги царини употребуваните автомобили, електронскиот Шваке систем е хакиран Read More »

Фондација САСА обезбеди финансиска поддршка за развој на четири нови локални бизниси


Фондацијата САСА потпиша договори за доделување грантови со четири бизнис проекти кои се дел од Акцелераторската програма „Започни ја својата бизнис авантура во Македонска Каменица“, наменета да им помогне на локалните претприемачи да започнат или развијат свои бизниси, со што директно се поттикнува локалниот економски развој. Четирите бизнис идеи избрани од страна на стручна комисија, …

Фондација САСА обезбеди финансиска поддршка за развој на четири нови локални бизниси Read More »

Извештај на Транспортната заедница: Фокус на безбедноста во сообраќајот, модернизација на железницата и одржливост на патиштата


Транспортната заедница порачува државата да се фокусира на активности за подобрување на безбедноста во сообраќајот со продолжување и надградба на проектот „Безбеден град“ и координиран пристап од сите фактори во општеството. Оценките на Транспортната заедница, чии извештаи денеска беше презентирани во Собранието, се дека има подобрување во изградбата на патната инфраструктура со укажување да се …

Извештај на Транспортната заедница: Фокус на безбедноста во сообраќајот, модернизација на железницата и одржливост на патиштата Read More »

Се ограничува маржата на вештачките ѓубрива, оние на залиха ќе поевтинат 10 отсто


Ќе се ограничат маржата на вештачките ѓубрива и растот на цените на ѓубривата на домашниот пазар. Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, за 10 отсто ќе се намали продажната цена на резервите ѓубрива што продавачите ги набавиле по стари цени. Овие одлуки ги донела Владата на денешната седница, а ќе …

Се ограничува маржата на вештачките ѓубрива, оние на залиха ќе поевтинат 10 отсто Read More »

Дизелот во ЕУ во март поскапе речиси 20 отсто


Цените на горивата и на мазивата во Европската Унија во март нагло пораснаа за 12,9 отсто на годишно ниво, при што е забележан особено силен раст на цената на дизелот од речиси 20 отсто, објави денеска Евростат. Најголемо поскапување е забележано во Германија, каде што цените се зголемија за 19,8 отсто, по што следуваат Романија …

Дизелот во ЕУ во март поскапе речиси 20 отсто Read More »

Царинска управа: Годинава за 11 милиони евра зголемена наплатата од увоз на тутун, во акции спречени осум обиди за шверц


За 11 милиони евра е зголемена наплатата на приходи од увоз на тутун и тутунски производи во првото тримесечје годинава во однос на истиот период минатата година, при што само по овој основ во Буџетот се слеале вкупно 2,82 милијарди денари или 45,7 милиони евра. Истовремено во овој период во осум случаи се запленети над …

Царинска управа: Годинава за 11 милиони евра зголемена наплатата од увоз на тутун, во акции спречени осум обиди за шверц Read More »

Медицински факултет доби сопствен извор на чиста енергија: ОКТА донираше фотоволтаична централа


Медицинскиот факултет во Скопје од денес функционира со ново, одржливо енергетско решение. Со донација од ОКТА, на покривот на Деканатот на институцијата е поставена фотоволтаична централа, која ќе обезбеди чиста електрична енергија, значителни заштеди и намалено влијание врз животната средина. Станува збор за фотоволтаична централа со инсталирана моќност од 40,3 kWp, која годишно ќе произведува …

Медицински факултет доби сопствен извор на чиста енергија: ОКТА донираше фотоволтаична централа Read More »

Се работи на решение за превозниците во Шенген зоната, уверува директорот на Транспортната заедница


Директорот на Транспортната заедница Матеј Закоњшек уверува дека се работи на решение за времетраењето на престојот на професионалните возачи во Шенген зоната за што вели дека во Брисел се одржуваат редовни состаноци, процес во кој олеснувач е Транспортната заедница. Закоњшек денеска пред собраниската Комисија за европски прашања ги презентираше клучните наоди од Годишните извештаи за …

Се работи на решение за превозниците во Шенген зоната, уверува директорот на Транспортната заедница Read More »

Ќе поскапат летовите кон далечни дестинации поради војната во Иран


„Нарушувањата во глобалното снабдување со нафта предизвикани од војната во Иран ја зголемија цената на авионските летови на долги релации од Европа за речиси 90 евра, што најверојатно ќе доведе до повисоки цени на авиобилетите, соопшти невладината организација Европска федерација за транспорт и животна средина (ТЕ)“, информираа белгиските медиуми. Според анализа на организацијата, зголемувањето на …

Ќе поскапат летовите кон далечни дестинации поради војната во Иран Read More »

АмЧам: Заштитата на интелектуалната сопственост е суштинска за економскиот развој, иновациите и довербата во пазарот


По повод Светскиот ден на интелектуалната сопственост, Американска стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам), организира серија од три настани посветени на актуелните предизвици и можности во оваа област, се наведува во соопштението од АмЧам. Целта на овие активности е да се поттикне јавна дискусија и да се зајакне свесноста за значењето на интелектуалната сопственост, како …

АмЧам: Заштитата на интелектуалната сопственост е суштинска за економскиот развој, иновациите и довербата во пазарот Read More »

Почнува повратот на нелегалните царини на Трамп. Ќе се вратат 166 милијарди долари


Администрацијата на Трамп почна да прифаќа барања од компании за враќање на повеќе од 166 милијарди долари тарифи, неколку месеци откако Врховниот суд пресуди дека претседателот нема законско овластување да ги наметне. Администрацијата вчера лансираше дигитален систем за обработка на барањата, објавува „Гардијан“. Врховниот суд пресуди во февруари дека Законот за вонредна состојба од 1977 …

Почнува повратот на нелегалните царини на Трамп. Ќе се вратат 166 милијарди долари Read More »

Производителот на храна за бебиња „HiPP“ соопшти дека е цел на обид за изнуда


Производителот на храна за бебиња „HiPP“ соопшти дека е цел на обид за изнуда, откако во Австрија беше пронајдена тегла со детска храна контаминирана со отров за стаорци. „HiPP е жртва на изнуда“, се вели во соопштението на семејната компанија. Тегла од 190 грама со каша од морков и компир на „HiPP“, контаминирана со отров …

Производителот на храна за бебиња „HiPP“ соопшти дека е цел на обид за изнуда Read More »

Русија продава 22 тони злато


Руската централна банка продаде приближно 22 тони злато од почетокот на 2026 година за да го покрие буџетскиот дефицит, кој достигна 4,6 билиони рубли (61,3 милијарди долари) до крајот на март поради ниските приходи од нафта и гас. Продажбата на злато е еден од клучните механизми со кои Москва се обидува да ги финансира растечките …

Русија продава 22 тони злато Read More »

Кој е Џон Тернус, новиот извршен директор на „Епл“?


Ветеранот на „Епл“, Џон Тернус, ќе ја преземе компанијата од 4 билиони долари како извршен директор на 1 септември. „Откако ја поминав речиси целата моја кариера во ‘Епл’, имав среќа што работев под Стив Џобс и што го имав Тим Кук како мој ментор“, рече тој во соопштение за медиумите во понеделникот, објавувајќи ја неговата …

Кој е Џон Тернус, новиот извршен директор на „Епл“? Read More »

Тим Кук се повлекува од функцијата извршен директор на „Епл“


Тим Кук, извршниот директор кој ја предводеше „Епл“ (Apple) до тоа да стане компанија вредна 4 билиони долари и го дефинираше нејзиниот идентитет во ерата по Стив Џобс, се повлекува од функцијата извршен директор, соопшти „Епл“ во понеделник. Џон Тернус, виш потпретседател на „Епл“ за хардверско инженерство, ќе ја преземе функцијата извршен директор од 1 …

Тим Кук се повлекува од функцијата извршен директор на „Епл“ Read More »