Инфлацијата во еврозоната во јули изнесува 2,9 проценти
Инфлацијата во еврозоната во јули, поттикната од повисоките трошоци за енергија и услуги, се зголеми за 0,1 отсто, покажуваат прелиминарните податоци од Евростат.
Годишната инфлација, која во јуни изнесуваше 2,8 проценти, овој месец се искачи на 2,9.
Основната инфлација, која ги исклучува волатилните цени на енергијата, храната, алкохолот и тутунот, се искачи на 2,5 проценти од 2,4 отсто претходниот месец.
На месечна основа, хармонизираниот индекс на потрошувачки цени во јули е зголемен а 0,2 проценти.
Меѓу главните компоненти, цените на енергенсите забележа годишен раст од 10 отсто, додека цените на услугите се зголемени за 3,3 проценти. Цените на храната, алкохолот и тутунот се зголемија за 1,2 отсто, додека цените на неенергетските индустриски стоки бележат раст од 0,9 проценти.