Макпетрол ќе го продаде на Владата својот удел во гасоводот


Падна договор Макпетрол да го продаде на Владата својот удел во гасоводот, со што тој целосно ќе премине во државна сопственост. „Со целосна поддршка од Енергетска заедница, постигната e согласност помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и Владата да се склучи Спогодба со која вонсудски ќе се завршат судските спорови во врска со „ГА-МА“ АД Скопје, по […]

Од декември минималната плата ќе изнесува 14.500 денари


Законски утврдената минимална плата за декември во Република Северна Македонија ќе изнесува 14.500 денари и е зголемена за 2.000 денари, а споредено со 2017 за 5.500 денари. Истовремено државата ќе ги субвенционира придонесите од 600 до 6.000 денари, за сите компании од приватниот сектор коишто ќе ги зголемат платите за оваа сума на работниците независно дали […]

Пензиите ќе се зголемат од 850 до 900 денари


Премиерот Зоран Заев и министерката за финансии, Нина Ангеловска одржаа прес-конференција во Владата на РСМ на тема Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2020 година. -Буџетот за 2020 година предвидува зголемување на пензиите на возрасните лица. За 2020 година со Буџетот е предвидено зголемување на пензиите, имајќи ги во предвид економските параметри во изминатите две […]

Во септември 2019 година издадени 214 одобренија за градење


Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2019 година се издадени 214 одобренија за градење, што е за 2,3 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 988 722 илјади денари, што е за 3 отсто помалку во однос на […]

Предлог-буџетот за 2020 денеска на владина седница


Владата денеска во рамки на редовната 164. седница ќе ги утврди Предлог-буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2020 година. На дневен ред на седницата, соопшти владината прес-служба, се повеќе точки од програмата за работа и од интерес за граѓаните. На предлог на министерот без ресор […]

Кочо Анѓушев ќе се повлече од политиката по изборите


Вицепремиерот Кочо Анѓушев се повлекува од политиката, и после изборите, без оглед на нивниот исход, ќе им се врати на своите компании и на Машинскиот факултет каде што предаваше. Ова тој го изјави за емисијата Топ тема на телевизијата Телма. Една од причините е што неговите најчесни намери да и помогне на државата, како што […]

Компaнија што произведува пластични ќеси, со владина поддршка ќе рециклира пластика


Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со министерот без ресор посветен на подобрување на инвестициската клима во Северна Македонија, Хисен Џемаили и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи ја посетија компанијата „ЕУРО БЛУ“ во Тетово. Компанијата е потписник на договорот за државна помош согласно Законот за финансиска поддршка за инвестиции од Планот за економски раст. Министерот […]

„Пејпар Мил“ доби забрана за работа оти го загадуваше Кочани


Државниот инспекторат за животна средина на 8 ноември донесе решение со кое се забранува работата на правниот субјект „Пејпар Мил“ од Кочани заради континуирано надминување на граничните вредности за дозволени емисии на загадувачки супстанци во отпадните гасови што излегувале од котларницата на оваа компанија. Решението за забрана е во рок од 30 дена, и во […]

МФ анализа: Зошто јас да плаќам повеќе, ако тој не плаќа воопшто?


Приходите кои можеле да се приберат од прогресивното оданочување и повисоката стапка на личен доход се помали за 51,2 проценти во однос на потенцијалот, покажува анализата на Министерството за финансии насловена „Како до сеопфатен, фер и ефикасен данок вo Република Северна Македонија“, објавена на веб-страната на Министерството. Вкупно, износот на остварени приходи само од прогресивната […]

Поскапуваат горивата


Бензинот Еуросупер БС-95 поскапува за денар, а Еуросупер БС-98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цела на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 денари, а 70,50 денари на Еуросупер БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 62 денара, екстра […]

Почина долгогодишниот директор на НЛБ, Љубе Рајевски


По тешко боледување вчера почина долгогодишниот директор и член на Управниот одбор во НЛБ банка, Љубе Рајевски. Роден е на 11 март 1955 година во Скопје. Рајевски како долгогодишен директор и член на Управниот одбор во НЛБ банка придонесе во развојот од штедилница до една од водечките банки во земјата и НЛБ групацијата. Беше активен […]

Алкалоид на најголемиот фармацевтски саем во Франкфурт


„Алкалоид АД Скопје“ од 5-7 ноември годинава настапи како излагач на најголемиот саем на фармацевтската индустрија во светот: CPhI (Convention on Pharmaceutical Ingredients) кој се одржа во Франкфурт, Германија. На овој глобален настан, единствен од вакви размери од сферата на фармацевтската индустрија, секоја година учество земаат над 2.500 излагачи и повеќе од 45.000 посетители од […]

ТЕ-ТО најголем должник – државата ѝ прости, УЈП ја стави на „црната листа“


  Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници за долгови доспеани до крајот на јули, годинава и неплатени до крајот на октомври по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На Листата на должници објавени се 2.020 должници – правни лица (повеќе […]

Германија: Постигнат договор за пензија, избегната криза на владата


Германската влада постигна компромис за зголемување на пензиите за пензионерите со ниски примања. Како што пренесе „Дојче веле“, постигнат е договор за гаранција на основната пензија за работниците со ниски примања по повеќемесечни тензии за тоа прашање, што можеше да доведе до криза во владата. Истакнати членови на владејачката коалиција, вклучително и канцеларката Ангела Меркел, […]

Растот на економијата следната година е проектиран на 3,8 отсто


Растот на економијата следната година е проектиран на 3,8 отсто, а буџетскиот дефицит на 2,3 проценти, соопшти денеска министерката за финансии Нина Ангеловска одговорајќи на новинарски прашања. Споделувајќи ги само основните контури од буџетот за 2020 година, Ангеловска потенцира дека буџетот следната година ќе биде насочен кон инвестирање во човечкиот капитал. – Предвидени се значајни […]

За Црна Гора „мал Шенген“ е оддалечување од европскиот пат


Црна Гора не е заинтересирана за „мал Шенген“, единствен економски простор во кој меѓу земјите од Западен Балкан би се одвивал непречен проток на луѓе и стока без задржување на границите, објави босанскиот портал Капитал. Порталот наведува дека оваа идеја со години ја заговара српскиот претседател Александар Вучиќ, кој заедно со премиерите на Северна Македонија […]

Комората на северозападна Македонија ќе ги промовира 100-те најуспешни компании


Стопанската комора на северозападна Македонија денеска ќе го промовира каталогот „Топ 100“. Каталогот е посветен на 100-те најуспешни компании кои се сопственост на бизнисмени Албанци или се дел и од регионални или меѓународни групации каде доминира албански капитал. На настанот, како што е најавено, ќе се обрати вицепремиерот задолжен за координација на економските ресори Кочо […]

Текстилните работници ќе штрајкуваат во Штип, бараат подобри услови за работа


Невладината организација Гласен текстилец најави протест за поддршка на текстилните работници, кој би требало да се одржи на во недела, на 10 ноември, во Штип. Како причина за штрајкот се барањата на текстилните газди, меѓу кои влегуваат продолжување на работното време, укинување на празници за да нема дисконтинуитет во производството и замрзнување на придонесите. Со […]

Народна банка: 3,5 проценти раст во 2019, а в година 3,8 отсто


Народната банка ја задржа проекцијата за растот на економијата од 3,5 отсто за годинава, а за наредната предвидува раст од 3,8 отсто. Главни двигатели на растот, според Народната банка, ќе бидат извозот, инвестициите и личната потрошувачка. При проекцијата се земени предвид одржувањето на изборите, а гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска вели дека на растот […]

НБ: Годинава раст на БДП од 3,5 отсто, а следната 3,8


Македонската економија годинава ќе порасне за 3,5 отсто, а наредната за 3,8 проценти, се најновите проекции на Народната банка што денеска ги соопшти гувернерката Анита Ангеловска Бежоска. Двигатели на растот, според анализата на Народната банка, ќе бидат извозот, инвестициите и личната потрошувачка. Со свои проекции за економијата на земјава денеска излезе и ЕБОР, според која, […]