Франција: Компаниите не смеат да ја користат финансиската помош да купуваат акции

Француските компании кои ќе добијат финансиска поддршка од државата за надминување на проблемите за време на кризата со корона вирусот, не смеат да ги користат тие средства за откуп на сопствени акции, порача денеска францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер.

Според него, на тие компании нема да им биде дозволено, исто така, со парите да им исплаќаат дивиденди на акционерите, со цел да осигураат дека овие средства ќе останат инвестирани во нивниот бизнис

„Нема да толерираме компаниите да вршат откуп на акции или да им исплаќаат дивиденди на своите акционери… Откупот нема да биде компатибилен со користењето на државната помош“, истакна Ле Мер.