Во Словенија најдоа начин како да им помогнат на малите бизниси


Поради епидемијата на новиот корона вирус во Словенија најголеми финансиски и економски последици трпат малите бизниси, покажуваат државните анализи.

Со цел да им се помогне приватна компанија направи интернет-страница и мобилна апликација со која граѓаните можат да купуваат услуги кои ќе ги добијат по завршувањето на изолацијата и епидемијата, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Граѓаните кои сакаат да им помогнат на своите локални фризери или козметичари, чии салони веќе со недели се затворени, можат да купат таканаречени бонови за услуги, со кои во кризната ситуација директно финансиски ќе ги помогнат, а секако услугата ќе ја добијат кога ќе заврши епидемијата.

Поради тоа Словенците преку оваа интернет-страница и апликација купуваа бонови пред се за фризер, козметичар, масажа, хемиско чистење, перење автомобил и друго.

Инаку, според некои песимистички анализи, поради епидемијата на Ковид-19, словенечката економија ќе забележи пад од 25 отсто.