Како ќе изгледаат патувањата по корона вирусот

Овие денови, со се поголемо ограничување на движењето на луѓето како превенција од ширењето на корона вирусо
т, тешко е да се замисли како ќе изгледаат патувањата откако ова ќе заврши.
Нивото на мерки за заштита од вирусот на глобално ниво е толку големо, што е  погубно за патничката индустрија, но од претходните кризи таа се опоравуваше, а стручњаците веруваат дека тоа ќе се случи се га, јавува Си-ен-ен.
„Луѓето не се променети до толку, уште сакаат да излезат на некои места, но ќе мора да бидат многу попретпазливи во поглед на она што го прават“, вели професорот по економија Адам Блејк, шеф на истражувања на Одделот за туризам и угостителство на Универзитетот Бурнмонт во Велика Британија.
„Ќе мора не само да ги убедуваме дека сигурно е да се патува, туку ќе мора да се видат и физички промени кои ќе го направат патувањето посигурно“, додава тој.
За сега не знаеме кога ќе помине пандемијата. Но, откако кризата на јавното здравство ќе помине, патниците ќе видат пад на цените што повторно ќе ги покренат, велат аналитичарите.
Осум работи кои е веројатно дека патниците ќе ги доживеат откако туристичката индустрија ќе ги стави своите мотори во погон:

1. Крстарењата ќе бидат многу евтини
Патниците кои сакаат да крстарат, ќе најдат многу евтини аранжмани, вели Кристофер Андерсон, професор на факултетот за бизнис од Њујорк.
Смета дека ќе биде предизвик да се привлечат патниците на крстарења, по се поголемиот број вест дека епидемијата лесно се шири на бродовите.
Андерсон смета дека реконфигурација на бродовите што се градат со поголеми простории и помала густина на патници е еден од начините за привлекување гости. Уште една мерка која ја предлага е место поставување храна за гостите на бродовите, таа да се нарачува  а la carte.
2. За чистотата ќе се води многу повеќе сметка
„Сите, без разлика дали се работи за крстарење, сместување или хотели, ќе мора да го сменат начинот на гледање и да ја чистат околината“, додава Андерсон.
И други стручњаци ја нагласуваат чистотата, па велат дека дали тоа ќе значи средства за чистење раце насекаде низ објектите или редовна дезинфекција на површината, сепак ќе треба да постои тој режим за луѓето да се свестат.
3. Цените на хотелските соби ќе паднат
Цените на хотелите во САД паднаа за 30 отсто во март, а според аналитичарите тие дополнително ќе паѓаат, пред да се вратат.
Во време на наизвесност, како 2001 година кога паднаа зградите во Њујорк или по завршувањето на рецесијата во 1999 година, требаше двојно повеќе време за цените на собите во хотелите да се вратат на нормалното ниво, отколку што им требаше да паднат на најниско ниво.
4. Патниците ќе се чувствуваат посигурни во хотелите отколку во изнајмени простори
Андерсон вели дека спас за хотелите може да биде неугодноста на патниците поради алтернативните сместувања, како Airbnb и други места за наем. затоа што тие ќе треба да се борат со стандарди на чистота.

5. Побарајте пониски цени на авионските карти во празни авиони
На луѓето ќе им биде попријатно да патуваат во попразни авиони, вели Андерсон.
„Ако сакаме да се вратиме на колосек, авиокомпаниите ќе мора да бидат подготвени да летаат со празен среден ред и со цени драматично пониски од оние минатото лето“, вели тој.
6. За патување со авион ќе се има поголема флексибилност некое време
Андерсон очекува авиокомпаниите кои ги продолжија мерките околу корона вирусот и понатаму да бидат помалку строги во однос на откажувањето или промените во летањето на патниците, барем некое време.
„Додека влеземе во 2021 година, ќе се вратиме на стариот начин“, вели тој.
7. Бизнис патувањата може да поттикнат опоравување на авиокомпаниите
Иако на многу компании буквално ќе им се олесни водењето состаноци, Андерсон очекува желбата за лично договарање да им помогне да се опорават на авиокомпаниите.
„Верувам дека на луѓето им е потребна интеракција, а можно е да помине и подолго време додека бизнисмените не тргнат на состаноци со авионски превоз“, вели тој.
8. Поетичен пристап кон туризмот по кризата.
Овертуризам, оджрливи патувања и околина неа теми за кои во светот на патувањата најмногу се разговараше пред ширењето на корона вирусот.
„На ова може да се вратиме на многу поодговорен и поетичен начин кога ќе заврши кризата“, вели тој.