Комерцијална банка: Шест месеци грејс период за плаќањето кредити, кредитни картички и за дозволено пречекорување


Комерцијална банка одобрува грејс период од 6 месеци за кредитните производи на физички лица, пролонгирање на крајниот рок на отплата на кредитите за 6 месеци, како и автоматско продолжување на рокот за користење на дозволеното пречекорување до 30.09.2020 година (без намалување на одобрениот износ и без оглед дали на сметката стасува редовен месечен прилив), соопшти денес банкаата на нејзината интернет страница.

Јавната понуда се однесува на сите физички лица-клиенти на Банката кои имаат кредити, кредитни картички и/или дозволени пречекорувања, кои на 29.02.2020 година се класифицирани во категорија на ризик А, Б или В и немаат статус на сомнителни и спорни побарувања (нефункционални), односно во своето досегашно работење со Банката не доцнеле подолго од 90 дена при отплата на обврските“, се вели во соопштението.

Понудата е достапна на следниов линк.

Од Комерцијална банка нагласуваат дека само оние граѓани, односно физички лица, кои ги одбиваат новите услови треба да се обратат електронски или писмено до банката најдоцна до 09.04.2020 година до 16.00 часот.

За лицата кои ја прифаќаат понудата истата автоматски ќе се имплементира, без потреба од контакт со Банката“, се вели во соопштението.

Бидејќи оваа криза носи негативни влијанија кои ќе ги погодат сите, Комерцијална банка ќе овозможи олеснувања и за оние клиенти-физички лица кои и пред почетокот на кризата имале проблеми со отплатата на обврските, односно кои на 29.02.2020 година биле класифицирани во категорија на ризик В (нефункционални), Г и Д. Моделот на олеснувања за оваа група на клиенти сѐ уште се изработува“, појаснуваат од Комерцијална банка.