Силно невреме во Албанија


Албанија – Силно невреме проследено со обилен дожд, силен ветер и  грмежи синоќа ја зафати Тирана и повеќе градови во централниот и северниот дел на Албанија. Врнежите биле проследени со молњи и силни ветрови. Според мерењата на ВМС, за 10 минути имало 290 молњи. Според оваа Служба, ситуацијата ќе биде ваква најмалку до денеска попладне. ВМС соопшти […]

Генерален штрајк во Грција


Грција– Синдикати, федерации и здруженија на работници од Грција, за денеска закажаа генерален 24часовен штрајк што ќе ја парализира земјата. Штрајкот, како што велат синдикатите, е одговор на планот на Владата, во Парламентот да донесе закон што содржи измени во законот за синдикатите, за колективните договори и здравственото осигурување и паралелно бараат покачување на платите […]

Во Албанија од земјотресот оштетени 1.528 објекти, целосно урнати 50 куќи


Директорот на Агенцијата за справување со кризи,Хаки Чако, гостувајќи во емисијата “Опињон” на Њуз 24 изнесе податоци од последниот извештај за последиците од земјотресот што ја погоди Албанија. – Според последниот оперативен извештај оштетени се 1.528 објекти, целосно се урнати 50 куќи, главно во рурални средини, распукани се 160 станбени згради, 34 училишта, 13 универзитети, […]

Брнабиќ: Синиша Мали останува министер, студентите се политички активисти


Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави денеска дека не очекува министерот за финансии Синиша Мали да поднесе оставка од функцијата, како што бараат студентите кои го блокираа Ректоратот на Универзитетот во Белград (БУ), како и дека таа не го доведува во прашање неговото министерско место. Како што јави дописникот на МИА од Белград, српската премерка […]

Припадник на ОВК ја одби поканата од Специјалниот суд за воени злосторства во Косово


Организацијата на ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВ ОВК) објави денеска дека нејзиниот член, поранешниот припадник на ОВК Башким Гаши ја одбил поканата да се јави на распит пред Специјалниот суд за воени злосторства во Косово. Во соопштението на организацијата се вели дека на Гаши му е сугерирано да се појави пред иследниците на […]

Рама сепак отпатува во Њујорк


Албанскиот премиер Еди Рама го смени планот и сепак отпатува во Њујорк на заседанието на Генералното собрание на ОН. – Денеска е вообичаен ден во Албанија и одлучив да отпатувам во Њујорк, каде ќе се сретнам со претседателот на САД и други шефови на држави или влади, или личности. Во име на Албанија ќе говорам […]

Стефановиќ: Власта подготвена за чекор напред за изборните услови


„Подготвени сме да направиме чекор напред за да ги подобриме изборните услови“, изјави денеска министерот за внатрешни работи и шеф на Работната група за подобрување на изборните услови Небојша Стефановиќ. Тој за РТС изјави дека мерките за подобрување на изборните услови на кои би можела да се обврзе изборното мнозинство можат да се применат до […]

Панајотопулос: Атина ќе потпише договор за надзор на воздушниот простор на Скопје


Началниците на генералштабовите на Грција и Северна Македонија ќе потпишат договор за надзор на воздушниот простор на Скопје, што во овој момент е императив, бидејќи е во корист на нашиот национален интерес, изјави грчкиот министер за одбрана, Никос Панајотопулос во интервју за атинскиот весник „Катимерини“. Како што jави дописничката на МИА од Атина, прашан за […]

Мигранти сакале да ја поминат грчката граница маскирани во одбојкарска екипа


Грчката полиција уапси десет сириски мигранти кои биле маскирани како членови на украинската одбојкарска репрезентација. Тие биле уапсени во неделата на атинскиот аеродром, откако полицијата утврдила дека пасошите што ги имаат со нив биле пријавени дека се украдени или изгубени. Сириските мигранти носеа идентични дресови, спортски торби, а исто така имаа и две одбојкарски топки, […]

Македонци купиле автомобил во Холандија, доживеале сообраќајка кај Врање


Македонски државјани се повредени во вчерашната страотна сообраќајка кај Врање, во кое загина едно лице. Според српските медиуми, до несреќата кај селото Бресница дошло по судирот меѓу „голф“ што го управувал 35-годишен жител на Бујановац и „волво“ во кое се превезувале нашинците. Двата автомобили слетаа од автопатот. Четири лица се здобиле со повреди, по што […]

Приведени новинари поради лажна вест за земјотрес во Албанија


Откако некои портали објавија лажни вести за нови земјотреси во Албанија, што  предизвика паника меѓу граѓаните, следуваше реакција од полицијата, пренесува „Топ чанел“. Новинарите Аурел Ракиплари од „SYRI.net“ и Даниела Грица од „Shekulli“ биле придружувани од полиција поради ширење на лажни вести. – Полицијата ги советува граѓаните да останат смирени и да не потпаднат под […]

Над 340 потреси регистрирани во Албанија по земјотресот од саботата


Албанија– Албанскиот институт за геолошки науки, енергија, вода и животна средина соопшти дека повеќе од 340 последователни земјотреси се регистрирани по земјотресот со интензитет од 5,8 степени што го погоди Драч во саботата попладне. Околу 600 домови, претежно изградени пред 1990 година, претрпеа штета во земјотресот, кој исто така накратко го прекина снабдувањето со вода […]

Нов биланс од земјотресот во Албанија, само во Тирана и Драч оштетени околу 500 објекти


На средбата во Министерството за одбрана со првите луѓе на најпогодените градови, Тирана и Драч, изнесени се последните податоци за последиците од земјотресот што ја погоди Албанија. Министерката Олта Џачка, посочи дека главно регистрирана е само материјална штета. – За среќа немаше жртви. Застрашувачки и небезбеден момент. Ќе дадеме се од себе за да ги […]

Анкета: Опаѓа поддршката на Китаровиќ за претседател на Хрватска


Ако сега се одржат претседателски избори во Хрватска, актуелната претседателка и кандидатка на ХДЗ, Колинда Грабар-Китаровиќ, би освоила 28,5 отсто од гласовите, кандидатот на СДП Зоран Милановиќ 24,8, а на трето место е независниот кандидат Мирослав Шкоро со 18,2 проценти од гласовите, покажа анкета на „Х-рејтинг“. Порталот „Индекс“ наведува дека од 21 мај, кога последен […]

Балканот се тресе: По силниот земјотрес во Албанија, повеќе од 60 помали потреси во Црна Гора


Институтот за сеизмологија на Црна Гора забележа над 60 земјотреси со помал интензитет. По двата големи земјотреси кои ја погодија Албанија вчера по 16 часот, а се почувствуваа многу силно и во Црна Гора, Институтот за сеизмологија на Црна Гора регистрираше повеќе од 60 земјотреси со помал интензитет, изјави сеизмологот Марин Чавелиќ. Тој за РТЦГ […]

Албанија по замјотресот: Оштетени 109 куќи, седум станбени згради, повредени 68 лица


Министерката за одбрана Олта Џачка во изјава за медиумите доцна синоќа го презентираше првичниот извештај за последиците од двата силни земјотреса што вчера попладне ја погодија Албанија. – Според првичните официјални информации, иако овие информации се ажурираат од минута во минута бидејќи тимовите ја скенираат ситуацијата на теренот, до овој момент има 68 пријавени повредени, […]

Тлото во Албанија не мирува, итна седница на Владата


Тлото во Албанија не мирува. Од првиот силен земјотрес што беше регистрира вчера во 16:04 часот со магнитуда од 5,8 степени според Рихтер и интензитет од 7,5 степени, на 30 километри северно од Драч, во Јадранско Море се регистрирани серија од најмалку 25 земјотреси, со различна јачина. Последниот е регистриран претпладнево во 9:00 часот со […]

Околу 70 полесно повредени во земјотресите во Албанија


Албанската министерка за здравство, Огерта Манастирлиу ги посети повредените од денешниот земјотрес кои се хоспитализирани во болница во Тирана. Таа информира дека ниту еден од повредените не е во сериозна состојба, јави агенцијата АТА. Вкупно 68 лица добиле медицинска помош, од кои најмногу во Тирана и Драч. Во болница во Тирана задржани се 21 граѓанин, […]

Штети и повредени во земјотресите во Албанија


Албанскиот премиер Еди Рама го откажа патувањето за Њујорк во ООН и вечерва се враќа од Франкфурт поради создадената ситуација по силниот земјотрес што ја погоди попладнево Албанија. Министерството за одбрана на Албанија повикувајќи се на Институтот за енергетика, вода и животна средина, соошшти дека интензитетот на земјотресот бил 5,8 степени, а со 7,5 јачина, […]

Вонреден состанок на грчката Влада за мигрантското прашање


Продолжување на мерките за празнење на островите, зајакнување на силите на крајбрежната служба со бродови и персонал во источниот дел на Егејското море и поголема вклученост на ФРОНТЕКС и НАТО, се одлуките што беа донесени на состанокот под грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одржан денес во премиерската палата во однос на бегалското/ мигрантското прашање, брифираат грчки […]