За само 50 дена падна владата на Курти


По повеќе од 11 часа дискусија, косовското собрание гласаше против косовската влада, предводена од Албин Курти. За недоверба гласаа 82 пратеника, 32-ца беа „против“, а еден беше воздржан. Иницијативата за недоверба е поднесена од Демократскиот сојуз на Косово, кој беше коалициски партнер во Владата.

Во барањето се бараше разрешување на Владата за две прашања: неукинување на данокот на стока од Србија и БиХ без воведување „реципроцитет“ што е поврзано наводно со уништување на односите со Соединетите држави, како и отстранување на Агим Вељиу од функцијата министер за внатрешни работи и јавна администрација. Премиерот Курти го отфрли ова како причини за соборување на владата и истакна дека барањето е „готов договор меѓу Косово и Србија за размена на територии“.

Владата на Курти беше формирана на почетокот на февруари, при што новиот премиер го намали бројот на министри од 21 на 15, а на замениците од 80 на 33.

Фокус на новата влада, како што најави Курти тогаш, беше економскиот развој, нови работни места, но и прaвосудството и бopбата со кopупција.