Црногорци на погреб се заразиле со корона вирус


Две семејства од црногорската општина Тузи, кај кои се регистрирани заболени од вирусот корона, се верува дека се заразиле на погреб.

Погребот бил организиран пред да бидат воведени мерките со кои се забрануваат такви видови собирања.

Тузи од средата, откако црногорскиот Институт за јавно здравје регистрираше 15 заболени и драматично ширење на вирусот корона, потполно е затворена, а полицијата ги контролира влезовите и излезите од општината.