Уште две жртви во Србија од Ковид 19, вкупно шест


Во текот на ноќта во Србија починаа уште двајца заразени од корона вирус, објавено е на страницата Covid19.rs.

Се работи за 80-годишен маж кој бил во болница, а неколку дена бил на респиратор. Инаку, тој боледувал од кардиомиопатија, имал висок притисок, хронична опструктивна болест на белите дробови и дијабетес.

Втората жртва е жена на 62-годишна возраст која исто така била на респиратор, а страдала и од висок притисок, дијабетес и реума.

Во Србија до сега од корона вирус починаа шест лица.